Кијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане со убивањето. Тоа ја комплицира ситуацијата, напиша Зеленски синоќа на социјалните мрежи. Ако Русија не е подготвена да спроведе едноставна наредба за прекин на своите напади, додаде украинскиот претседател, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – „мирен соживот со своите соседи во наредните децении“.