Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спортски настан „Голак Треил“ посветено на Иле Гоцевски, возачот во Брзата помош во Кочани

0
By Marija Todorovska on September 6, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Еколошкото друштво Голак денеска во Делчево првпат ќе се одржи „Голак Треил“, спортски настан кој претставува комбинација од планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак.

Како што стои во соопштението на Еколошкото друштво „Голак“, првото издание на спортскиот натпревар ќе биде посветено на прерано починатиот Иле Гоцевски, возачот во Брзата помош во Кочани кој за време на трагичната несреќа возеше 11 пати до Скопје со цел да спаси што повеќе животи. Затоа, велат, во негова чест патеката ќе биде долга 11 километри, симболично претставувајќи го неговиот пат на пожртвуваност и човечност.

Сите собрани средства од котизациите на учесниците ќе бидат донирани на „Support Kocani“, а самиот настан ќе има хуманитарен карактер. Настанот ќе послужи и за промоција на планината Голак и нејзините природни убавини, како и популаризација на планинскиот спорт и активниот туризам во источниот регион на Македонија, стои во соопштението.

Голак, додаваат, е планина со исклучителни природни вредности, позната по спојот на три различни клими – континентална, планинска и медитеранска, што ја прави вистинска воздушна бања и идеална за рекреација, спорт и одмор.

 Со овој настан, сакаме да поттикнеме и развој на планинскиот туризам и да го ставиме Делчево и неговата околина на туристичката мапа на Македонија. Источниот дел на земјата има огромен потенцијал кој досега недоволно е искористен. Веруваме дека преку вакви иницијативи ќе придонесеме за економски и туристички развој на регионот, создавање нови можности за локалната заедница и зголемување на свеста за значењето на здравиот начин на живот и активниот одмор во природа, додаваат оттаму

голак треил иле гоцевски спортски настан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.