Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Сликите од Газа се катастрофални, Европа мора да делува

0
By Marija Todorovska on September 10, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2025 11:30

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање пред европратениците, познато како „Состојбата на Европската Унија“, најави дополнителни мерки против Израел како одговор на случувањата во Газа, вклучително и делумна суспензија на Договорот за асоцијација.

 Она што се случува во Газа ја потресе совеста на светот. Луѓе убиени додека молат за храна. Мајки кои држат безживотни бебиња. Овие слики се едноставно катастрофални. Затоа сакам да започнам со многу јасна порака. Гладот ​​предизвикан од човекот никогаш не може да се користи како оружје. За доброто на децата, за доброто на човештвото ова мора да престане, рече Фон дер Лајен.

Покрај директна помош за жителите на Газа, според Фон дер Лајен, Европа треба да направи повеќе и затоа Европската комисија ќе предложи дополнителни мерки против Израел и покрај непостоењето на консензус меѓу земјите членки.

 Комисијата ќе направи се што може сама. Ќе ја замрзнеме нашата билатерална поддршка за Израел. Ќе ги запреме сите исплати, без тоа да влијаеме на нашата работа со израелското граѓанско општество или (Меморијаниот центар на Холокаусот) Јад Вашем. Ќе предложиме санкции за екстремистичките министри и за насилните доселеници. Исто така, ќе предложиме делумно суспендирање на Договорот за асоцијација за прашања поврзани со трговијата, најави Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека е свесна дека овие предлози за некого ќе биде премногу, за некого премалку, но Парламентот, Советот на ЕУ и Комисијата ќе мора да ги преземат своите одговорности за да се обебзеди мнозинство за поддршка на предлозите.

Навистина ме боли да ги кажам овие зборови и знам дека за многу граѓани, неможноста на Европа да се усогласи за заеднички пат напред е подеднакво болна. Тие прашуваат колку полошо мора да се влошат работите пред да има единство во одговорот. Она што се случува во Газа е неприфатливо и затоа што Европа мора да биде лидер – исто како што правеше и досега, додаде Фон дер Лајен.

Таа најави и формираење на „Донаторска група за Палестина“ следниот месец, вклучително и наменски инструмент за обнова на Газа.

Сведоци сме на финансиско задушување на Палестинската самоуправа. На активности и изјави на најекстремните министри во израелската Влада кои поттикнуваат насилство. Сето ова укажува на јасен обид за поткопување на решението со две држави и на визијата за одржлива палестинска држава. Не смееме да дозволиме тоа да се случи, додаде Фон дер Лајен.

газа Израел Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.