Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет нема да постапува за време на изборите

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 12:44

Со седум гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет денеска на седница изгласа одлука да останат во сила заклучоците донесени за изборите во 2024 (претседателски и парламентарни) според кои постапувањата во надлежност на Советот да бидат ставени во мирување додека заврши изборниот процес, со напомена дека овојпат се однесуваат на локалните избори 2025.

Во расправата за тоа како треба да постапува Судскиот совет во изборниот период, негови членови истакнаа дека треба да постапуваат во рамки на надлежностите, како на пример за прашања за вработување, унапредување судии или утврдување дисциплинска одговорност. Според нив, со тоа што нема да ја прекинат работата ќе докажат дека судската власт е независна од извршната и од законодавната. Ограничувањата ги наметнува член 8а од Изборниот законик и начините како тој се толкува.

Тања Чачарова-Илиевска се повика на укажувањето од ЕК и од Оценската мисија дека работата на Советот не треба да стагнира, при што порача „треба добро да размислиме и да мрднеме од пасивноста“.

И според Антоанета Димовска, Судскиот совет треба да продолжи со работата и да направи исчекор и напредок со што ќе ја напушти, како што рече, статус кво ситуацијата во која се наоѓа со секои минати избори.

Зошто кога се избираат судии не престануваат да работат извршната и законодавната власт. Исто е, нема мешање. Нашата работа е таква, ние носиме одгворни одлуки и наше е да постапуваме по Устав и закон, рече Димовска.

Весна Дамева посочи дека Судскиот совет во изминатиот период имал различна пракса – целосно запрени активности и делумно во 2024. Нагласи дека Судскиот совет е должен да ја гарантира независноста на судската власт и оти не треба да зависи од извршната.

Уставот ни ја дава самостојноста и од нас зависи дали ќе ја заштитиме. Ставањето во мирување на постапувањето од основна надлежност на Судскиот совет додека траат изборите ќе ја стави под прашање независноста на Советот… Како правник сметам дека не може со закон да се дерогира уставна одредба. Во Уставот е јасна поделбата на власта и јасна е самостојноста и независноста на судската власт. И сега – член 8а, кој го толкуваме на кој како му одговара. Јас го толкувам правно и  во оваа ситуација и во секоја друга ситуација ме штити единствено Уставот и законот, но не законско толкување како што некому би му одговарало, истакна Дамева.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски се согласи со нивните ставови дека Советот треба да продолжи со работата бидејќи се независни, но, како што рече, „има едно големо меѓутоа“. Рече дека тие како судии живеат во оваа држава и дека не може да функционираат како затворени во меур во кој ништо нема да ги допира надвор од судската власт.

Демократијата и политичката култура кај нас и кај политичките чинители не е созреано до тоа ниво да нема никакви последици нашето натамошно функционирање. Од друга страна, постои Изборен законик кој јасно укажува што може, што не може да се работи и тој закон се однесува и на нас. Не случајно 10-15 години наназад Судскиот совет во периодите на избори ги ставал сите постапки во мирување. Кога ќе созрееме како општество и кога ќе созреат нашите политичари и ќе бидат на висина на задачите, тогаш можеме да зборуваме за промена на овој закон каде што јасно ќе се наведе дека судската власт не ја тангираат локални или кои било избори. Но, во овој момент сметам дека треба да останаме на заклучоците што Судскиот совет ги донесе во минатото, заклучи Камбовски пред да биде изгласана одлуката.

локални избори Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.