Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во фабрика во Кавадарци загинал работник од Кина

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 14:01

Триесет и осумгодишен работник од Кина загинал во фабрика во Кавадарци. МВР во дневниот билтен соопшти дека вчера (10 септември) во 12:10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кинескиот државјанин Г.Х.(38), додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Државното јавно обвинителство соопшти дека според првичните сознанија, Г.Х. пристигнал во земјава кон крајот на август.

Но, постојат сомненија дека иако се уште не му бил регулиран престојот и работниот однос, сепак веќе бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката. Бил притиснат од кран на висока платформа и му биле нанесени тешки телесни повреди од кои починал. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби со цел да испита евентуални тешки дела против општата сигурност. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, прибавена е целокупната документација за изведувањето на работите, а ќе се врши машинско вештачење на кранот и испитување на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа, информира ЈОРСМ.

Во полицискиот билтен МВР соопшти и за загинат работник во фабрика во Делчево. Околу 11 часот вчера во ОВР Делчево било пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР.

Кавадарци Кина ОЈО Работник фабрика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.