Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија, тврдат дека вештаци на обвинителството се нивните претходници

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 12, 2025 14:19

Одбраната на поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, тврди дека обвинението за случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Првообвинетиот Никола Васев, пред Судот рече дека не се чувствува виновен, дека цел живот 35 години работа на Онкологија и целта секогаш му била да се спасат човечки животи.

Јас сум директор од 2017 година и имам наследено реверс од директор што јас го имам сменето и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај, а второто економско вештачење е потпишано од втората економска директорка што е разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби. Во обвинението одземени се шест месеци од мојот мандат каде може да се види што точно сум наследил, и како е намален долгот од 35 милиони на 30 илјади.  Сакам да се види како успеавме наследените долгови и недостиг на лекови да го решиме со земање наводни реверси, за тоа да ни се земе како наводно сме направиле штета, изјави Васев.

Во однос на наводите од Обвинителството дека ФЗО бил доведен во заблуда, Васев рече дека треба да се види дека онколошките тендери ги правело Министерството за здравство, а Клиниката само го плаќала, укажувајќи дека одложувањето на тендерот од пет месеци во 2020 значело недостиг на лекови и терапија за пациенти.

Бранителот на Васев, адвокат Мартин Митревски, рече дека во текот на постапката пред Судот ќе бидат приложени материјалната докази од кои ако се толкува и применува право во ниту едно од преземените дејствија на обвинението не може да постојат и опстојат постоечките правни квалификации за кои се обвинети.

Нехат Нухи, пред Судот рече дека се чувствувам невин и истото ќе го докаже во постапката.

Се чувствувам невин и тоа ќе го докажам. Мојата невиност ќе произлезе како од материјалните така и вербалните докази кои ги предлагаме и изведеме, пред се економското материјално вештачење од кое на сите ќе им стане јасно колку пропусти има направено Обвинителството и зошто сите рокови го пробија и нивните Вештачења се неточни, изјави Нухи.

Адвокатката Анита Бегова, бранителка на второобвинетиот Нухи, во воведен говор рече дека се соочуваат со конфузно и нејасно обвинение, кое го оцени како политичко монтирано.

Ова е монтирано политичко обвинение без докази. Денеска не сме тука да ја дознаеме вистината за недостигот на лекови, туку за двајца жртвени професионалци за прикривање на други одговорни на повисоко ниво, изјави Бегова.

Бегова, нагласи дека пред Судот одбраната ќе докаже дека набавката на лекови се одвивала во рамки на еден конфузен и често нефункционален и недоволно финансиран систем и дека постапувањето не било за обезбедување на личен интерес, туку за обезбедување на лекови без било каква кривична умисла.

Судот информираше дека одбраната денеска поднела писмено барање за изземање на вешто лице на Обвинителството.

Бегова, прес Судот рече дека вештиот наод е направен од вешто лице што ја извршувало истата функција пред Нехат Нухи и е исто инкриминирано.

Адвокатката пред Судот реагираше и на наводите од Обвинителството, нагласувајќи дека државен орган не може да се стави и држи во заблуда, зошто тој е должен сите докази да ги спроведува и врши контроли. -Фондот вршел во овој период контроли и никогаш не нашол ништо инкриминурачки, изјави Бегова.

Бегова, исто така, реагираше и тоа дека второобвинетиот се товари дека му помагал на Васев за нанесување штета на Клиниката. -Ако некому е шетата, тогаш некому е корист. Обвинетите немаат корист, до десетто колено се испитани и немаат ништо најдено. А, замислете направиле корист на веледрогериите со кои директно влегоа во фронт, посебно со веледрогериите Пановски со цел да се намалат цените на лековите за да со таков рестриктивен буџет имаат пациентите лекови, изјави Бегова.

Судењето продолжува на 16 септември со испитување на сведоци предложени од Обвинителството.

Васев Нухи обвинителство Онкологија судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.