Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

0
By Zoran Ivanov on September 24, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 24, 2025 18:21

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед.

Претставници од парламентарните политички партии, коалиции учествуваа на жрепката по азбучен редослед. Прва на гласачкото ливче од партиите и коалициите ќе биде Искуство за успех, под број два Движење ЗНАМ, За наша Македонија, трета Демократска Партија на Србите во Македонија ДПСМ, четврта Национална алијанса за интеграција- НАИ-ДУИ, петта е Коалиција за локални избори 2025-СДСМ, шеста Левица, седма Коалиција ВЛЕН, осма Коалиција -За зелена иднина, а девета е Коалиција-Твоја Македонија-ВМРО ДПМНЕ.

На дневен ред е одржување на жрепка за утврдување на редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори согласно изборниот закон и согласно од изборниот законик. ДИК на јавна седница го утврдува редоследот на кандидати на гласачко ливче за избори на членови на совет на општини членови на совет на град Скопје и градоначалник на општини градоначалник на град Скопје редоследот на листите на кандидати на политички партии и коалиции согласно член 68 став три на гласачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во секоја општина, а во општината каде што нема да има свои претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен додека на негова место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место, објасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Кандидатите предложени од коалицијата предводена од една иста политичка партија без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини ќе имаат ист реден број во сите општини укажаа од ДИК, додавајќи дека општинските изборни комисии на седница претходно ги потврдиле листите на кандидати кои ќе учествуваат на изборите, совети, членови на членови на совет на општина и членови на совет на град Скопје градоначалник на општини градоначалник на град Скопје.

На седницата беа извлечени жрепки од 10 до 33 за подносители на листи на политички партии кои не се дел од парламентарниот состав.

Бошњачки Демократски Сојуз го извлече бројот-18, ВМРО Народна Партија-ВМРО НП-21, Движење за национално единство на Турците ДНЕТ-23, Демократи Скопје-29, Демократска Партија на Ромите-10, Демократска партија на Турците во Македонија ДПТМ-14, Демократски Сили на Ромите-24, Демократски Сојуз-19, Единствена Македонија-12, МААК-28, Македонска Ера трета/Македонски независни листи/суверенисти-32, Партија за движење на Турците во Македонија-15, Партијата за обединети демократи на Македонија ПОДЕМ-26, Партија на пензионери-13, Граѓанска иницијатива ГРИН-25, Десница-31, Македонски концепт-22, Работничка партија-20, Родина Македонија-30, Сојуз на Роми-11, Српска странка во Македонија-16, ТВОЈА партија-27, Трајно македонско радикално обединување-33, Унија на Роми-17.

Во третиот дел беше влечењето жрепка за подносители на листа група избирачи  за кандидати за  градоначалници и кандидати за носители на листа за членови на совет од 34 до 153.

Претходно на седницата на ДИК, беше извршена и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за локалните избори 2025. Вкупно 17 правни лица доставиле понуди за политичко рекламирање на паноа и билборди.

Државната изборна комисија направи извештаи на досега примени понуди за рекламни паноа и билборди врз основа член 78  од изборниот законик за локалните избори до државната изборна комисија се пристигнати понуди од 17 понудувачи, рече Кондарко, по што следуваше извлекување.

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.

 

гласање избори лпкални редослед
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.