Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 5, 2025 17:45

Софија: Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, по катастрофалните поплави и силното невереме што викендов ја зафатија Бугарија. Веста, како што пренесуваат буугарските медиуми, предизвика невидена „златна треска“ на јужниот брег на Црното Море.

Властите презедоа строги мерки за ограничување на пристапот до плажите, претворајќи ги во забранета зона за стотици авантуристи кои доаѓаат со надеж дека брзо и лесно ќе се збогатат.

Градоначалникот на општина Царево, Марин Киров, потврди дека банкноти се појавиле на една од плажите по катастрофалните полави, но нивното потекло сè уште не е утврдено.

Се тврди дека поплавниот бран однел метален сеф од локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации за тоа што е регистрирано во полицијата, како штета, и дали воопшто е регистрирано. Нема начин со сигурност да се знае дали банкнотите доаѓаат од сефот на оваа компанија, рече градоначалникот.

Тој истакна дека Општина Царево на никаков начин не е вклучена во овој случај. На прашањето дали нуркачи го бараат сефот во морето, Киров објасни дека денеска, додека бил со екипите што спроведуваат превентивни активности за новото невреме што го најавуваат метеоролозите, забележал нуркачи во морето, но не знае со која цел.

Од раните утрински часови, поставени се контролни пунктови на сите влезови во Царево. Полициските патроли темелно проверуваат секој автомобил и не дозволуваат влез во градот на никого кој не може да докаже валидна причина за својата посета. Целта е да се запрат „ловците на богатство“ кои ја запоседнаа плажата во потрага по сефот и златото.

Во обемната операција е вклучена тешка механизација, вклучувајќи багер кој пребарува тони песок и тиња, како и тим професионални нуркачи кои го истражуваат морското дно во близина на брегот.

 

Бугарија поплави сеф треска златна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.