Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт храната станува луксуз

0
By Zoran Ivanov on October 12, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 12, 2025 21:37

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување.

Со ВМРО ДПМНЕ на власт, година и пол, храната стана луксуз, луксуз е минималната плата, луксуз е чистиот воздух и справувањето со отпадот, луксуз е правдата, луксуз е да се има достоинствен живот. Ама, не е луксуз рекордно задолжување, новиот долг од 1,8 милијарди евра за првите 13 месеци, без никаков реален и видлив ефект на развојот, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина под слоганот „Се бориме се нашиот дом“ што се одржа во Радовиш.

Додаде дека откако на власта не им успеале така наречените „кошнички“, кои се покажале дека биле само лажен пи-ар и откако не презеле ништо, Владата на ВМРО ДПМНЕ користела само спинови и манипулации.

Реалните податоци кажуваат инфлација од 4 отсто, а власта со спин се обидува да каже минус 0,2 отсто, ама споредувано месец со месец. Вистината е дека реалната инфлација е 4 отсто, дека храната е поскапа 6,3 отсто, цените во рестораните и хотелите над 8 отсто. Колку сакаат нека прават спинови, граѓаните гледат и чувствуваат. Не им требаат бројки, знаат колку можеле да купат со истите пари пред една година, а колку може сега. Ќесата од маркет е се попразна и се полесна, се бира што да се купи. Премиерот треба да знае дека граѓаните не може да живеат од неговите спинови, туку од она што им останува во паричникот, потенцираше Филипче.

Тој ги повика радовишани на 19. октомври да излезат масовно на гласање и да го дадат својот глас за кандиатот за градоначалник на Радовиш од СДСМ и коалицијата, Ристо Спасов и за советничката листа од оваа коалиција.

 

ДПМНЕ локални луксуз фиипче храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.