Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одеса: Зеленски му го одзеде украинското државјанство на градоначалникот – тој најави жалба

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 14, 2025 20:07

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го укина украинското државјанство на градоначалникот на пристанишниот град Одеса, Генадиј Труханов.

Кај неколку лица исто така е потврдено руско државјанство на и се подготвени соодветни одлуки. Указот е потпишан, објави Зеленски денеска на Телеграм по средбата со шефот на разузнавањето Васил Малјук, без да наведе имиња.

Труханов сега би можел да се соочи со депортација.

Набргу потоа, разузнавачката служба СБУ потврди дека укинувањето на државјанството се однесува на градоначалникот на Одеса.

Објавена е и фотографија од руски пасош кој наводно му припаѓа нему, со важност до декември, пренесе ДПА нагласувајќи дека не може независно да се потврди дали документот е автентичен.

Труханов повеќепати ги отфрли обвинувањата.

Никогаш сум немал руски пасош, изјави тој за јавната телевизија откако беше обелоденето дека му е укинато украинското државјанство.

Труханов најави дека ќе преземе правни чекори против одлуката, повикувајќи се на истрагата што безбедносната служба ја спровела против него во 2022 година.

Со губењето на државјанството, избраниот градоначалник практично се отстранува од функцијата. Како одговор на една петиција, Зеленски истовремено иницираше создавање на воена администрација за стратешки важниот пристанишен град.

Труханов, кој повеќепати ја осудуваше Русија за бројните напади врз Одеса, е градоначалник на метрополата од 2014 година. Сомневањата дека поседува руско државјанство се појавија уште за време на тогашната изборна кампања.

Поради актуелната воена состојба, локалните избори закажани за крајот на октомври се откажани. Надлежностите на сите локални претставници се продолжени со одлука на парламентот до крајот на војната.

 

градоначалник Зеленски одесда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.