Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од печат излезе шестата последна книга „Македонски безбедносни лавиринти“ на проф. д-р Трајан Гоцевски и новинарот Свето Стаменов

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 23, 2025 11:44

Од печат излезе шестата книга на „Македонски безбедносни лавиринти“ на на проф. д-р Трајан Гоцевски – универзитетски професор во пензија и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и поранешен член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија и на Свето Стаменов политиколог, новинар во Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти.

Објавувањето на оваа книга ја заокружува своевидната уникатна и досега единствена едиција не само во македонската, туку најверојатно и во европската публицистика, од шест книги во кои на околу 2.700 страници Б5-формат се „распослани“ 120 интервјуа, реализирани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 30 октомври 2006 до 1. април 2025 година.

Оваа шесттомна едиција „Македонски безбедносни лавиринти“ – „своевиден архив на еволуцијата на независна Македонија“ и „историско сведоштво на македонскиот òд во НАТО и кон Европската Унија“, како и „теориски и практичен мега императив на безбедноста“ – започна со објавувањето на истоимената книга во 2015 година со 22 интервјуа, реализирани во периодот од 2006 до крајот на 2014 година и која во 2019 година беше реиздадена како прва книга на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“. Втората книга содржи 15 интервјуа реализирани во 2015 и 2016 година, а третата книга – 12 интервјуа реализирани во 2017 и 2018 година. Во 2022 година беше објавена четвртата книга со 22 интервјуа реализирани во 2019 и 2020 година, а во првата половина на оваа 2025 година светлината на денот ја здогледа и петтата книга со 28 интервјуа, реализирани во 2021 и 2022 година.

Оваа шеста и последна книга на „Македонски безбедносни лавиринти“, пак, содржи 23 интервјуа, реализирани во рамките на редовните информативни програми „Актуелно“ и „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 23 јануари 2023 до 1 април 2024 година кога, поради заминувањето во пензија на Свето Стаменов, соработката меѓу двајцата автори на брановите на Македонското радио – Радио Скопје беше прекината по силата на Законот. Но, книгата содржи уште пет досега необјавени интервјуа што беа реализирани до крајот на 2025 година. Интервјуата ја отсликуваат состојбата во која се наоѓаше нашава земја во тој период и се однесуваат на настани, постапки, процедури и случувања поврзани со македонската национална безбедност и одбрана, но и со други значајни настани за нашата држава, а кои се однесуваат на целиот период по распадот на Југославија, прогласувањето на нашата независност, формирањето и развојот на самостојниот македонски безбедносен и одбранбен систем и на неговата оружена компонента – Армијата на Република Северна Македонија, трнливиот македонски òд кон НАТО и предизвиците пред кои сме изложени на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

И оваа шеста книга, како впрочем и петтата книга на „Македонски безбедносни лавиринти“, во знак на огромна и искрена благодарност, авторите  ја посветуваат на Искра Чоловиќ (1960-2023) – доајен на македонското радио-спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, која во 2015 година беше идејниот творец на „Македонски безбедносни лавиринти“.

Книгата е збогатена и со пригодни текстови–рецензии на проф. д-р Стево Пендаровски – поранешен претседател на Република Северна Македонија, проф. д-р Цане Т. Мојаноски – редовен професор во пензија, проф. д-р Ненад Марковиќ – редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и поранешен член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, проф. д-р Димитар Пандев – редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, проф. д-р Милан Јазбец – истакнат словенечки дипломат и поранешен амбасадор на Република Словенија во Скопје и Зоран Иванов – новинар и публицист.

Инаку, проф. д-р Трајан Гоцевски и Свето Стаменов, покрај шесттомното дело „Македонски безбедносни лавиринти“, коавтори се и на книгите „Македонски безбедносни лавиринти“ (2015), „Армија на мирот“ (2017), „Македонија во НАТО“ – I и II книга (2020) и „30 години македонска армија: Од работ на бездната до НАТО-армија низ етерот на Македонското радио – Радио Скопје“ (2023).

 

 

 

безбедносни книга лавиринти Свето Стаменов тѕрајан гоцески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.