Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

0
By Zoran Ivanov on November 1, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 1, 2025 17:46

Сараевo: Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија која го предложила за оваа висока функција и дека само Берлин може да одлучи за негово отстранување, јави денеска сараевскиот портал „Истрага“ (Istraga.ba), повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.

Во текстот се наведува дека ова се случувало во последните два месеца, откако Вашингтон постигна договор со поранешниот претседател на Република Српска (РС) и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик и српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, според кој резултатот од тој договор требало да биде отстранување на Шмит од позицијата висок претставник.

Сараевскиот портал пишува дека оваа година Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина доцнела со исплатата на траншите за финансирање на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) и дека, по Европската Унија (ЕУ), таа издвојува најмногу средства за нејзино финансирање.

Понатаму се проценува дека од мај оваа година, Канцеларијата ја изгубила својата важност за американската дипломатија.

Се додава дека, за разлика од Американците, Германците се обидуваат токму спротивното – да ја зајакнат позицијата на Шмит. Имено, „Берлин одлучи повторно да го активира својот пензиониран долгогодишен дипломат Кристијан Хелбах и да го испрати во КВП како советник на Кристијан Шмит. Пред десет години Хелбах беше германски амбасадор во Босна и Херцеговина и има богато искуство во дипломатијата“, пишува порталот „Истрага“.

 

Берлин Конгресмени САД Шмит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.