Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

0
By Zoran Ivanov on November 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 4, 2025 13:45

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот со Грција, Северна Македонија останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија, наведува бриселскиот портал „Политико“ во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Иако се очекува во извештајот да се забележи одреден економски напредок и посилно усогласување на надворешната политика со ЕУ, генерално, бројчаникот не се помести многу од минатата година, се наведува во текстот во однос на земјава, при што се оценува дека земјава добила факултетска „осумка“.

Според порталот, врз основа на извештаите може да се заклучи дека ЕУ на Црна Гора и дала „десетка“, на Албанија „десет минус“, на Молдавија „девет плус“, а на Украина „солидна деветка“.

Од друга страна, како што наведува „Политико“, „проблематичните студенти“ кои се заглавени во политички кризи што го закочија нивниот напредок, Србија и Босна и Херцеговина, добиваат оценка адекватна на „седумка“, додека Грузија, која е во слободен демократски пад, паднала на испитот со „петка“.

За Турција, чија кандидатура е замрзната од 2018 година поради „назадување во владеењето на правото и загриженост за човековите права“, се вели дека „целосно го отфрлила испитот“.

Во текстот се пренесува и изјава на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, според кого, извештајот потврдува дека „Црна Гора е најнапредната земја кандидат“ за членство.

Верувам дека дојде време ЕУ да ја усогласи нашата амбиција со јасен политички сигнал: да започне со изготвување на Договорот за пристапување. Тоа би било признание за нашиот напредок и стратешка инвестиција, рече Милатовиќ.

 

Бугарија ЕУ Македонија Политико попречува
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.