Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За руските државјани ЕУ се понедостапна поради построг визен режим

0
By Zoran Ivanov on November 7, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 7, 2025 16:26

Европската комисија денеска усвои одлука за воведување построги правила за издавање визи за руските државјани, како резултат на зголемените безбедносни ризици, саботажите и потенцијалната злоупотреба на визите.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас посочи дека ваквата одлука се носи во услови на најризична безбедносна средина во Европа во последниве децении предизвикана од руската илегална агресија врз Украина и упадите и саботажите без преседан со дронови на територија на Унијата.

Имаме должност да ги заштитиме нашите граѓани. Сега ќе важат построги правила за руските државјани кои бараат виза за патување во ЕУ, порача Калас.

Според неа, ваквата одлука на ЕК покажува дека слободното патувањето и движење во рамките на ЕУ е привилегија, а не нешто што е загарантирано.

Извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен истакна дека од почетокот на „илегалната и неиспровоцирана агресивна војна на Русија против Украина“, која претставува сериозна закана за европската безбедност, ЕУ постојано ги заострува условите за влез за руските државјани.

Со понатамошно ограничување на визните правила, преземаме дополнителен и неопходен чекор за да ја заштитиме безбедноста на Европската Унија и нејзините граѓани, додаде Виркунен.

Според еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, заштитата на надворешните граници на ЕУ бара спроведување на робусни и сеопфатни визни правила.

Со новоусвоените одредби, сите барања за визи поднесени од државјани на Руската Федерација ќе бидат предмет на засилени процедури за верификација и зголемено ниво на контрола. Ова ќе придонесе за интегритетот и безбедноста на Шенген зоната, посочи Брунер.

Според одлуката на ЕК, отсега на руските државјани повеќе нема да им бидат издавани визи за повеќекратен влез, туку ќе мора да аплицираат за нова виза секогаш кога планираат да патуваат во ЕУ. Со ова, ЕУ очекува да се засили надзорот и контролата на оние кои аплицираат за виза, со што би се ублажил секој потенцијален безбедносен ризик.

Исклучок од ова правило се предвидува во „ограничени и оправдани случаи“, како што се апликациите од страна на независни новинари и заштитници на човековите права.

Оваа одлука се заснова на заедничката проценка од страна на земјите членки и следи по едногласното одобрување од нивна страна во рамки на Комитетот за визи, посочува ЕК.

 

Државјани еу визи руски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.