Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

0
By Zoran Ivanov on November 8, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 8, 2025 19:37

Приштина: Премиерот на Косово во технички мандат, Албин Курти, изјави дека движењето Самоопределување направило доволно отстапки и дека сега одлуката за иднината на владата е во рацете на опозициските партии.

Курти рече дека опозицијата има две опции – формирање преодна влада што ја нарече „Курти 2.5“, која би организирала избори во декември, или влада „Глаук Коњуфца 1.0“, што би функционирала до април наредната година.

Бидејќи не го добив потребното мнозинство од 61 глас во Собранието, предложивме Глаук Коњуфца да биде мандатар. Ова ќе биде наша приоритетна тема по вториот круг на локалните избори. Опозицијата може да избере – или „Курти 2.5“ со избори во декември, или „Коњуфца 1.0“ со избори во април. Двете опции за нас се прифатливи, но мораме да соработуваме и да одиме напред, изјави Курти во говор во Ѓаковица.

Тој оцени дека Самоопределување преферира Коњуфца да ја добие поддршката за мандатар, за Косово да има функционална влада која ќе може да го усвои буџетот, Планот за раст и неколку меѓународни договори пред нови избори.

Курти ја нарече понудата до опозицијата „великодушна“, нагласувајќи дека тоа е само една од направените отстапки.

Прво беше заменета Албулена Хаџиу со Димал Баља, сега јас со Глаук Коњуфца. Ние направивме чекори напред, додека опозицијата покажува фиксација и ирационално одбивање, рече Курти.

Ден пред истекот на рокот за номинирање нов мандатар, на 5 ноември, претседателката Вјоса Османи го предложи Коњуфца за таа функција. Тој е потпретседател на Самоопределување и поранешен претседател на Собранието на Косово (2021–2025).

Коњуфца има околу десет дена да обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Ако не успее, Османи, согласно Уставот, ќе мора да распише вонредни избори што треба да се одржат во рок од 40 дена.

Претходниот обид за гласање на владата предводена од Курти пред околу две недели, како и многупати досега, не успеа поради немање мнозинство, иако Самоопределување има најмногу пратеници во Парламентот.

 

Влада избори курти чпреодна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.