Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: Докторот од Македонија кој сурово прегази куче се гони кривично

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 13, 2025 12:06

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение кое спаѓа под кривична одговорност предвидена во Кривичниот законик, јавија бугарските медиуми.

Денеска пред централниот влез на Воено-медицинската академија во Софија ќе се одржи протест под слоганот „Правда за Маја“, насочен кон борба против суровоста кон животните и поддршка на построги законски санкции во вакви случаи.

Повод за организирање на протестот е инцидент во кој Цоневски прегази куче во Софија. Кучето, по име Маја, беше тешко повредено и последователно беше евтаназирано.

Името на Цоневски е поврзано со Воено-медицинската академија, каде што работел. Порано оваа недела, раководството на болницата објави дека докторот е привремено суспендиран од својата позиција додека случајот не се расветли.

Бугарските медиуми вчера објавија дека Цоневски се вратил во Македонија.

Специјалистот по торакална хирургија, д-р Ненад Цоневски, кој беше снимен на 9. ноември како го прегазува кучето Маја во населбата Разсадника во главниот град со својот „Фолксваген Пасат“, се врати кај своите родители во неговиот роден град Делчево, Северна Македонија, објави Телеграф.

Пред да ја напушти Бугарија, докторот бил испрашуван во полициска станица, по што бил ослободен.

Случајот предизвика сериозна јавна реакција на социјалните медиуми и онлајн платформите. Петицијата со која се бара целосна и непристрасна истрага собра над 220.000 потписи. Луѓето бараат ефикасно спроведување на законот и воведување посериозни санкции за намерно насилство кое резултира со смрт или тешко страдање на животните.

Сакаме да испратиме јасна порака дека ваквите дејствија нема да се толерираат и дека мора да има реални последици за сторителите, коментираа организаторите на протестот, цитирани од Бугарското национално радио.

На социјалните мрежи се јавија и граѓаниод Македонија со поддршка за Цоневски.

кривично куче Софија цоневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.