Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции

0
By Zoran Ivanov on November 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 14, 2025 09:00

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма, соопшти СДСМ во информација што МИА ја објавува интегрално.

Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме, рече Битиќи.

Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој.

Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за еконоски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?

Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април – мај или јуни, рече Битиќи.

Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во тв емсија наТелма.

 

битичи Влада инвестиции капацитет нема
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.