Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубојно: 100 дена на нозе – малото село кое ѝ покажа на државата како се брани шумата

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 19, 2025 11:30

Селото протестира и против начинот на кој се носат одлуки што директно ја засегаат нивната безбедност. Жителите велат дека не биле консултирани, дека не добиле информации за тоа дали е направена независна процена на ризиците, и дека институциите не им објасниле зошто е неопходна интервенција во толку чувствителна зона.

Денес Љубојно го одбележува стотиот ден по ред на упорни протести против сечата над селото — борба што ја разбуди заедницата и отвори прашања за безбедноста и институционалната одговорност.

100 дена без прекин

Денес, во подножјето на планината над преспанското село Љубојно, мештаните застануваат на истото место по стоти пат. Без прескокнат ден, без прекин. Секое утро, неколку десетици жители излегуваат на патот што води кон шумата и ја повторуваат истата порака: „Шумата не ја браниме од инает, туку од потреба.“

Како започна сето тоа

Протестите започнаа во август, кога жителите првпат забележаа дека на падините над селото се изведува сеча на дрвна маса. Теренот е чувствителен, веднаш над селскиот водовод и на местото каде што шест долови директно водат кон селото — природна конфигурација што го штити Љубојно од поројни води и ерозија. Мештаните предупредуваат дека секое разредување на шумата може да значи зголемен ризик од поплави, какви што веќе беа забележани летово.

Протест што не престанува

Иако бројот на учесници не е голем, упорноста на луѓето е она што го прави овој протест посебен. Сто дена по ред жителите се ротираат, поставуваат барикади, истураа песок за да спречат пристап, а неколкумина веќе беа казнети за блокирањето на патот. Ниту една казна и ниту еден административен притисок не го прекина протестот.

Проблемот е поширок од самата сеча

Она што со текот на времето станува уште поочигледно е дека Љубојно не протестира само против сечата. Селото протестира и против начинот на кој се носат одлуки што директно ја засегаат нивната безбедност. Жителите велат дека не биле консултирани, дека не добиле информации за тоа дали е направена независна процена на ризиците, и дека институциите не им објасниле зошто е неопходна интервенција во толку чувствителна зона.

Шумите над Љубојно се сечат „на голо“ оставајќи ја почвата незаштитена од ерозија
Селото се разбуди како заедница

Во меѓувреме, селото доживеа необична промена. Љубојно се разбуди како заедница. Последните недели донесоа организирани акции за чистење, средување на патеките, уредување на изворите и поголемо учество на млади семејства. Иселениците, кои одамна се оттргнати од секојдневниот живот во селото, почнаа да се вклучуваат со поддршка, набавки и логистика. Од запоставено село, Љубојно постепено се претвора во група луѓе што функционира со јасна цел и заеднички глас.

„Ова е борба за опстанок“

Според организаторите, борбата што ја водат не е само еколошко прашање. Таа е прашање на опстанок. „Ако шумата се разреди, го губиме единствениот природен штит што нè брани од поројни води. Ние не бараме привилегии, бараме гаранција дека селото ќе биде безбедно“, велат тие.

Институциите, од своја страна, тврдат дека сечата е „планска и регуларна“, но жителите нагласуваат дека не им е презентирана документација која уверува дека проценката на ризик е адекватна на реалната состојба на терен.

Стотиот протест како симбол

Денес, за стоти пат, тие повторно се враќаат на истото место. Со истата решителност и со истата порака: шумата над Љубојно не е бројка во планските таблици, туку дел од заедницата што ги штити од поплави, одрони и разурнување. Иако селото е мало, велат жителите, оваа борба одамна прерасна рамки поголеми од него.

Текстот е сопственотст на Трн.мк

дена Љубојно протести СТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.