Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Провизиите „горат“- за водење на сметка во банка 35 денари месечно, за плаќање сметка на шалтер 50 денари

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 19, 2025 13:05

Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ) многу банки нудат бесплатни услуги во рамките на еврозоната. На пример, за вадење пари од банкомат во друга земја членка на ЕУ, банката не смее да наплаќа повеќе од домашната провизија, што често е бесплатно или под 1 евро.

 Валентина Ангеловска

Триесет и пет денари месечно за водење на денарска трансакциска сметка, 50 до 150 денари месечно за водење на девизна сметка, подигнување пари од банкомат на матичната банка бесплатно или 10 денари, ако извадите пари од банкомат во странство 150 – 300 денари. Ова се само дел од провизиите кои ги плаќаат македонските граѓани на банките.

Но овде не завршува сè. За плаќање сметка на шалтер треба да одвојат од 50 до 150 денари во зависност од сумата, плаќање преку е-банкарство (мобилната апликација) од 0 до 25 денари по трансакција. Годишна членарина за дебитна картичка е минимум 300 денари, ако имате кредитна ќе треба да одвоите 800 денари. Ако плаќате со картичка во странство задолжително се пресметува конверзија од 1,5 отсто плус фиксна провизија.

Сумите не се мали, а ако се соберат во текот на месецот издатокот е сериозен. Банките се со став дека станува збор за политика на банката, а тарифите се транспарентно објавени и нивните клиенти можат да се информираат.

„Слободен печат“ направи анализа и на дознаките од странство, кредитите и дозволеното пречекорување на лимитот на граѓаните. И овде нема ништо за „џабе“.

Ако има дознака од странство во евра се плаќа плус 0,1 – 0,5 проценти од износот, а за прием на дознаки во други валути плус 1 отсто провизија за одобрување на потрошувачки кредит е 1 – 3 проценти во зависност од износот, провизија за дозволен минус 200 до 600 денари. Ако решите предвреме да го затворите кредитот ќе платите од 1 до три отсто казна. За извод на шалтер за вашата трансакциска сметка треба да платите минимум 100 денари.

Ваква е состојбата сега иако поминаа три месеци од апелот на гувернерот Трајко Славески за намалување на надоместоците за платежни услуги. Се добива впечаток дека македонските банки сè уште не покажуваат значителни промени во тарифите.

Оваа ситуација предизвикува незадоволство кај граѓаните и компаниите, кои секојдневно се соочуваат со „скриени“ трошоци за основни услуги.

Провизиите на банките се превисоки-коментираат граѓаните. Со ист став се и компаниите.

Народната банка на Република Северна Македонија (НБРМ) во јуни 2025 година ги повика комерцијалните банки да ги намалат или укинат одредени провизии, кои во нето износ сочинуваат дури 18 отсто од вкупните приходи на секторот. Гувернерот Славески нагласи дека македонските надоместоци се значително повисоки од оние во ЕУ, каде што слични услуги се сведени на минимум.

Провизиите за прифаќање картички кај трговците мора да се намалат, а особено оние за подигнување пари од туѓи банкомати – тие треба да се укинат целосно, рече Славески на средба со Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Тој додаде дека, доколку банките не реагираат, НБРМ ќе воведе регулатива за транспарентен ценовник.

Позитивен импулс доаѓа од приклучувањето на Македонија кон системот за единствени плаќања во евра (СЕПА), што стапи на сила на 6 октомври годинава. Ова ќе овозможи побрзи и поевтини трансфери во евра, со многу пониски провизии од сегашните. Дел од банките ја нудат оваа опција за граѓаните, но има и такви кои не ја спроведуваат. На мобилните апликации воопшто нема плаќање преку СЕПА.

Европската Унија има пониски провизии

Додека во Македонија провизиите за основни банкарски услуги како вадење пари од банкомати и плаќање сметки се наплатуваат дебело, во Европската Унија овие трошоци се значително пониски благодарение на строгите регулативи.

Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ) многу банки нудат бесплатни услуги во рамките на еврозоната. На пример, за вадење пари од банкомат во друга земја членка на ЕУ, банката не смее да наплаќа повеќе од домашната провизија, што често е бесплатно или под 1 евро.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

банки ЕУ Искуства помали провизии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.