Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп испрати делегација кај Зеленски – министерот за војна и двајца генерали

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 19, 2025 22:19

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати висока делегација на Пентагон во Кијив на разговори со цел оживување на преговорите за завршување на војната во Украина, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на високи американски претставници.

Се очекува делегацијата, во која се наоѓаат секретарот за војна (претходно одбрана) Ден Дрискол и двајца врвни генерали, да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други воени и индустриски претставници.

Се очекува Дрискол да се сретне и со руски претставници.

Секретарот Дрискол патува во Украина за да добие претстава за фактите на терен. Тој ќе учествува на состаноци во Украина и ќе поднесе извештај до Белата куќа. Претседателот јасно стави до знаење дека е време да се запре убивањето и да се постигне договор за завршување на војната, изјави неименуван американски претставник.

Друг претставник изјави дека мисијата на Дрискол била да ги обнови разговорите во име на Трамп.

Еден од претставниците изјави дека Дрискол, соученик од колеџ на потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, бил избран по разговорите меѓу Трамп и Венс.

Според WSJ, одлуката за испраќање на шефот на цивилната војска, чија работа е главно да обучува и опремува војници, на преговорите се смета за необична, но во исто време е потсетник дека Трамп често одлучува да преземе неортодоксни чекори.

Администрацијата на Трамп постојано се обидуваше да го прекине конфликтот, кој го иницираше рускиот претседател Владимир Путин во 2022 година, преку преговори.

Сепак, украинските и руските претставници не водеа директни разговори со месеци, а напорите на САД беа суспендирани по самитот меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во август.

 

генерали Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.