Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстензија на историската инсталација

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 13:52

Транзицијата беше тест за тоа дали нацијата и државата можат со самостојноста да го обезбедат својот интегритет и на тој начин да бидат фактор на геополитичката рамнотежа во регионот и во општата европска приказна. Во променетиот амбиент. За жал, одговорот е, како што гледаме, негативен.

Бранко Тричковски

Ние сме, сепак, екстензија на една инсталација во историјата, а не органски историски феномен.

Судирот меѓу вистината за тоа и нашата самопретстава се во основата на драмата во која ние се покажавме недостојни субјекти.

ВМРО-ДПМНЕ е реагенсот кој го обезбеди контрастот кој на снимките ја покажа македонската национална и државотворна кауза, не како епика, дури не и како трагика, туку како карикатура во однос на стандардите на времето и на светот.

Ние бевме и сме само еден елемент.

Не сме се.

Заборавивме или не сакавме да се довршиме.

Вистината има и парчиња кои не се наши или не се во наш посед.

Не сме комплетни.

Мораме да се усогласиме со тие што имаат акции во вистината за Македонија.

Не можеме да правиме што сакаме, со што сакаме и кога сакаме.

Ние можеме комшиите да ги третираме како непријатели, но за светот тие се актери во регионот и во Европа кои за Македонија имаат свои приказни. Тие не се злобни и непријателски кон нас, како што ние си ги прикажуваме, само се различни од нашите.

Транзицијата беше тест за тоа дали нацијата и државата можат со самостојноста да го обезбедат својот интегритет и на тој начин да бидат фактор на геополитичката рамнотежа во регионот и во општата европска приказна.

Во променетиот амбиент.

За жал, одговорот е, како што гледаме, негативен. Наместо да го изгради својот ингегритет во новите услови и предизвици, Македонија се понуди да биде незавршен случај врз основа на самопретставата за јагнето и волците.

Дамапада би рекол дека Македонците се подложни на желби само затоа што не ги гледаат работите такви какви што се.

Многу точно.

Будистичката сентенца може да им помогне на Македонците кога би знаеле да ја прочитаат и прифатат таква каква што е.

Тешко.

Македонците се како штркови кои мислат дека Европа ги тера пред зимата да заминат во топлите краишта за да им го уништи идентитетот и да им ја заземе територијата.

И затоа им се препуштаат да домашните маѓионичари.

Некои велат дека биле полулудаци.

Но, не!

Полулудаците имаат чувство за нијанси и склоност кон прецизност. Тие се точни, а потполните лудаци се само брутални.

Ние сме жртва на комитската бруталност.

И на тие што ги рентираат.

Македонците не можат да и се доближат на вистината затоа што вистината е само она што избива од емоциите и цинизмот.

А тие немамаат никаква смисла за цинизам, парадокси и слични вистински и вистинити форми на видување и интерпретација на стварноста, а во емоциите сме или примитивни или позери.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.