Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 21:46

Тирана: Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, допатува во Тирана, каде утре ќе се одржи Самитот за план за раст на Западен Балкан „Нашиот пат кон ЕУ“.

Оствари средби со премиерот Еди Рама, за која нема детали, со претседателот на законодавниот дом Нико Пелеши и министерската за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали.

На средбата со Пелеши, станало збор за напредокот на Албанија во процесот на европска интеграција и приоритетите по отворањето на сите преговарачки поглавја.

Лесно е да се поддржи Албанија поради нејзините високи перформанси. Проширувањето ја прави Европа посилна. Албанија заврши одлична работа во последните години. Ние многу ја цениме поддршката од народот и политичкиот и парламентарниот консензус за интеграција во ЕУ, оценила Кос, објави собраниската прес-служба.

Пелеши нагласил дека европската интеграција останува главна стратешка цел на Албанија.

Европската интеграција е вкоренета во нашата историја и идентитет, во мотото на луѓето од ренесансата „за Албанија сонцето изгрева од запад.

Собранието ќе продолжи да го гарантира демократскиот легитимитет, транспарентноста и инклузивниот карактер на процесот. Како претседател на Собранието, ќе го поддржам пристапот и придонесот на опозицијата и граѓаните кон интеграцијата,  рекол тој.

На средбата на која присуствувале и неколку претседатели и потпретседатели на парламентарни комисии, оние од опозицијата ја потврдиле поддршката  за европскиот пат на земјата, нагласувајќи ја неопходноста од зајакнување на демократските стандарди.

Средбата завршила со заедничка заложба за продолжување на преговарачкиот процес со стабилно темпо и за продлабочување на соработката со европските институции.

Во пресрет на Самитот на ЕУ за планот за раст за Западен Балкан што ќе се одржи утре во нашата земја, ја пречекав во Тирана пријателката на Албанија, комесарката за проширување Марта Кос, жена која зрачи со енергија, посветеност и поддршка за вредностите, автентичноста и европската иднина на Албанија, напиша Спиропали во објава на Фејсбук.

Таа објави и фотографија каде заедно двете се на прошетка низ Тирана и напиша: Со Марта низ Тирана.

 

ЕУ Кос титрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.