Published: Friday, November 21, 2025 17:10
Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.
Другите двајца обвинети лекари, неговиот син Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.




