Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аца Лукас ноќеска уапсен среде настап во локал во Кавадарци

0
By Zoran Ivanov on November 22, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 22, 2025 09:45

Популарниот српски турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат кавадаречки локал, а настапот кој на почеток минувал во одлична атмосфера, бил прекинат околу полноќ, како што раскажуваат дел од присутните за ВИКИМЕДИА, од страна на полициски службеници, објавија повбеќе веб портали.

Атмосферата беше супер, се додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа забележавме дека дојдоа полициски службеници, а тој нешто негодуваше, се расправаше и замина со нив.
Чекавме некое време да се врати, а по околу половина час некој на микрофон кажа дека Аца е однесен во полициската станица, раскажаа млади луѓе кои биле гости на настанот.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи веќе се споделуваат и видео снимки, на кои се гледа пејачот како заминува од локалот во присуство на полиција, а додека оди со полицајците, се обидува нешто да им појасни.

Официјалните детали сењ дека околу 00:10 часот, полицијата од ОВР Кавадарци го приведе А.В. (57) од Србија, познат како Аца Лукас.

Контролата, спроведена заедно со Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од РЦ за гранични работи Југ, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и УЈП, покажа дека Лукас настапувал без работна дозвола и без дозвола за престој.

Против него е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а Основниот суд Кавадарци му изрече парична казна.

Контролата открила и дополнителни неправилности како неиздавање фискални сметки, прекршување на Законот за пушење, присуство на двојно повеќе гости од дозволениот капацитет, што ја загрозува безбедноста на посетителите, продажба на ВИП ваучери без фискална сметка.

Министерството за внатрешни работи соопшти и дека сите прекршоци ќе бидат соодветно санкционирани и најави продолжување на засилените контроли низ целата држава со цел превенција и спречување на кршење на законите.

Инаку, веќе е најавен голем концерт на Лукас во Скопје, во Арена Јане Сандански на 20-ти декември.

 

аца ликаз Кавадарци уапсен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише…

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.