Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аца за вечера и пауза

0
By Zoran Ivanov on November 23, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 23, 2025 10:54

Бранко Тричковски: Аца Лукас настапувал без дозвола, а во објектот кај што пеел имало околу 700 луѓе односно четири пати повеќе од капацитетот на објектот. Тоа е оценето како безбедносно ризична ситуација и затоа околу полноќ полицијата го прекинала настапот и Ацота го привела во полициска станица да го чека судијата за прекршоци за појадок и сослушување, цела ноќ.

Ова е образложението на градиначалникот Јанчев. Со додаток дека организаторот барал да постави дополнителна сцена, но бил одбиен и за тоа бил известен.

Писмено и усмено.

Во оваа образложение на кметот се е на место освен една важна работа.

Бидејки Јанчев и верувам сите во Кавадарци сакале да ги избегнат сите ризици да се повтори Кочани, тие располагале, како што се гледа од изјавата на Јанчев, со сите потребни информации да постапат според законот и да го спречат одржаувањето на концертот. Повторувам: Да го спречат! Но, не, тие пуштиле забавата да се одвива и пред самиот крај, значи, некаде околу полноќ, решиле да интервенираат.

Самата интервенција на полицијата не е спорна ако е се така како што вика Јанчев, но фактот дека властите дозволиле да се одвива еден концерт за кој знаеле дека е нелегален и дека таму можеби може да се случи Кочани 2, ги прават тие власти, вклучително и градоначалникот, одговорни за неспречување на настан кој самите го оценуваат како ризик за предизвикување на општа опасност. Тие ја спречиле опасноста откако еден или два часа дозолиле таа да виси над главите на 700 млади луѓе.

Зошто не го спречиле концертот?

Претпоставувам дека оцениле дека ризикот за кој зборуваат е мал во однос на пропагандните ефекти од спектакуларното прекинување на концертот.

На тој момент укажува и фактот дека е приведен само Аца, додека целиот амбиент за ново Кочани останал негибнат. Не е приведен, да речеме, сопственикот на објектот кој организирал нелегален концерт.

Практично сите, од Јанчев, до одговорните во полицијата, влегле во зоната, не на прекршочната одговорност, како Аца, туку на кривичната одговорност.

Јанчев би требало повнимателно да се чука во градите. Тоа што кавадаречката “шупа” не изгорела е една работа, а тоа кој дозволил да се развијат околности да може да изгори, ако се точни резоните на Јанчев (немаме причини да не му веруваме) е приоритетна и мора да се разјасни во локалната самоуправа, во полицијата и во обвинителството, пред да му се остави на судот.

Извор: Фејсбук

Бранко Тричковски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.