Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

26 години ЦИВИЛ: Таму каде што вистината значи

0
By Zoran Ivanov on November 25, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 25, 2025 20:31

Од 1999 до денес, низ кризи, притисоци, судски прогони, кампањи на омраза и политички турбуленции, ЦИВИЛ останува верен на својата мисија: јавниот интерес, човековите права и достоинството на луѓето.

Џабир Дерала

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска полни 26 години. Тоа се години на посветена работа во одбрана на човековите права, демократијата и слободата. Повеќе од две децении борба против говорот на омраза, дискриминацијата и национализмот. Посветена и упорна работа против оруженото насилство и култот кон оружјето. Повеќе од една деценија активна борба против дезинформациите и хибридните закани.

Од Мајдан, па сè до бруталната геноцидна агресија што трае веќе четири години, ЦИВИЛ непоколебливо стои во целосна и активна солидарност со Украина во борбата за праведен мир, слобода и суверенитет.

Нашата заложба е меѓународна: за мир, за достоинство на сите народи и малцински заедници, и осуда на етничкото чистење и геноцидот каде и да се случуваат.

Искрено и доследно се бориме за родова еднаквост, демократија, човекови права и слободи.

Тоа е ЦИВИЛ – и многу повеќе!

Во овие 26 години го градевме ЦИВИЛ како заедница на слободни и одговорни луѓе. Постојано во движење, постојано во акција. Тоа се луѓе што не молчат пред неправдата и стојат на страната на жртвите кога медиумите, академската заедница и институциите молчат. Зад секој наш проект, извештај, сторија и акција стојат експерти, активисти, новинари, истражувачи и граѓанки и граѓани кои секојдневно покажуваат дека вреди да се бориме за подобро и поправедно општество.

Она што започна како мал групен напор во 1999 година денес е силна организација со локално, регионално и меѓународно влијание, изградена врз значајни партнерства и уште поголема одговорност. ЦИВИЛ не е само организација, туку живо сведоштво за тоа што може да се постигне со истрајност, доследност и храброст. Тоа се 26 години непроменет и бескомпромисен став и глас против неправдата, авторитаризмот и агресијата, и 26 години посветеност на слободата и достоинството на човекот.

Од 1999 до денес, низ кризи, притисоци, судски прогони, кампањи на омраза и политички турбуленции, ЦИВИЛ останува верен на својата мисија: јавниот интерес, човековите права и достоинството на луѓето.

Голема благодарност до сите експерти, активисти, новинари, истражувачи, партнери и пријатели, како и до сите донатори и поддржувачи што во овие 26 години беа – и остануваат – дел од нашата приказна.

Продолжуваме – секогаш искрени, секогаш гласни.

 

Цивил Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.