Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни, пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 29, 2025 19:03

Банките во текот на вчерашниот ден ја започнаа исплатата на пензиите за ноември и до понеделник, први декември, се очекува таа да заврши, соопшти денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).

Фондот ја уверува јавноста дека исплатата на пензиите е стабилна, редовна и загарантирана, отфрлајќи ги шпекулациите за наводни ризици во пензискиот систем. Како што се наведува во соопштението, Фондот во координација со Владата продолжува со редовната исплата секој први во месецот и дека оваа практика ќе продолжи и во 2026 година.

Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни, пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот. Исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира истата и не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има, велат од Фондот.

Во соопштението, ПИОМ ги демантира наводите дека исплатата на сегашните и идните пензии е загрозена. – Шпекулациите кои се пласираат од страна на СДСМ и политичкиот притисок кон Уставниот суд дека е загрозена исплатата на сегашните и идните пензии се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и граѓаните во државата, стои во реакцијата.

Додаваат дека буџетот за 2026 година изнесува речиси 151 милијарда денари и е наменет за исплата на пензии, здравствено осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон пензиските друштва од вториот столб.

Во изминатата година, како што се посочува, пензиите биле зголемени линеарно за 6.000 денари за секој пензионер, со што просечната пензија од 21.000 денари во септември 2024 година се зголемила на 27.000 денари во септември 2025 година.

Покачувањето и линеарното усогласување на пензиите се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалувањето на влијанието на инфлацијата, велат од Фондот.

 

пензиски сигурен Фонд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.