Published: Thursday, December 4, 2025 20:46
Голем пожар избувна вечерва кај „Пивница“ во скопската Стара Чаршија – гори објект веднаш до познатиот локал.
Како што објави „Скопје1“, пожарникарите се борат да го скротат огнот и да спречат тој да се прошири на околните објекти.
Засега не се знае како избувнал големиот пожар, поради кој вечерва Чаршијата и Калето се обвиени во чад.
Последната информација од очевидци доставена до Нова тв.мк, упатува дека од страна на пожарникарите „огнот е ставен под контрола“.




