Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ!

0
By Zoran Ivanov on December 5, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 5, 2025 11:24

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја информираше јавноста дека партијата формира нов Антикорупциски тим, како дел од програмата „Нова сила“, со јасна цел системски да се разобличуваат коруптивните шеми и злоупотребите на актуелната власт.

Сакам да информирам јавноста дека веќе формиравме т.н антикорупциски тим во рамките на нашата програма „Нова сила“. Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Дозволете да го образложам, што тоа претставува. Тоа е професионален тим, советници, експерти во областа на правото, во областа на финансиите , изјави Филипче.

Филипче посочи дека тимот во кој ќе има и млади активисти и истражувачи на СДСМ, ќе работат на откривање и документирање на корупциските скандали.

Што ќе работи овој антикорупциски тим? Токму тоа што го гледаме овие денови – ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентираат пред јавноста и ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме и соодветни пријави до национални и меѓународни институции, нагласи претседателот на СДСМ.

Што ќе работи овој антикорупциски тим? Тоа што го гледаме овие денови. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму“, посочи Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче подвлече дека мотивацијата и енергијата зад оваа иницијатива доаѓа токму од младите луѓе во партијата кои како што рече, се подготвени да градат вистински европски вредности.

Тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во Европска Македонија, порача тој.

Како дополнителен механизам, претседателот Венко Филипче најави и нова платформа која наскоро ќе биде објавена.

Ги спремивме новите бомби. Најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема поврзана со членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги презентираме пред јавноста, изјави на денешната прес – конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој најави нов фронт за борба против криминалот на актуелната власт.

Претседателот на СДСМ ја повика евро обвинителката Ковеши да ја посети Македонија за одблизу да ја види корупцијата на власта.

Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали, додаде Филипче.

Со ова, СДСМ ја отвора новата фаза на јавно и транспарентно разобличување на криминалот, со цел државата да се врати на вредности на правда, отчетност и европска перспектива, истакнуваат од партијата.

 

Антикорупција СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.