Published: Saturday, December 27, 2025 09:29
Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор на руските напади врз Украина.
Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа воздушните операции, објави денес полската агенција за авијација PANSA на мрежата X.
Во текот на ноќта и утрото, руските сили го нападнаа Кијив и неколку области во регионот на глчавниот украински град.
Во нападот беа оштетени станбени згради, градилишта и деловни објекти, а неколку лица беа ранети, објавија украинските власти.
Во Кијив и голем број украински региони, воздушната закана останува на сила поради заканата од балистички ракети.




