Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дедо Мраз мит или …

0
By Zoran Ivanov on December 29, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 29, 2025 20:24

Голем дел од возрасните го доживуваат митот Дедо Мраз како безопасна традиција што ја збогатува празничната атмосфера но повеќето деца релативно рано почнуваат да поставуваат логични прашања: како е можно Дедо Мраз за една ноќ да посети милиони домови, како влегува без да го види никој?

Дали одржувањето на митот за Дедо Мраз е невина празнична игра или свесна измама што ја нарушува довербата меѓу родителите и децата?

Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни.

Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и послушни деца.

Години наназад родителите ја имаат истата дилема: дали да им ја кажат вистината или да го одржуваат митот сè додека децата самите не ја откријат. Од една страна децата се учат дека лажењето е погрешно, а од друга возрасните им ја раскажуваат оваа празнична лага.

Психолошките истражувања покажуваат дека, научно гледано, станува збор за свесно доведување во заблуда. Сепак, голем дел од возрасните го доживуваат митот како безопасна традиција што ја збогатува празничната атмосфера.

Според направените студии на психолозите, повеќе од 75 проценти од децата, откако ќе ја дознаат вистината, не ја губат довербата во своите родители. Повеќето деца и самите почнуваат да се сомневаат во постоењето на Дедо Мраз околу седмата или осмата година.

Во едно истражување објавено во списанието Developmental Psychology биле опфатени деца и возрасни кои се сетиле дека биле разочарани откако откриле дека Дедо Мраз не постои, но дека тие емоции биле краткотрајни и без долгорочни последици.

Податоците покажуваат дека 76 проценти од децата продолжиле целосно да им веруваат на родителите, 21 процент имале намалена доверба, додека кај два процента довербата дури и се зголемила.

Повеќето деца релативно рано почнуваат да поставуваат логични прашања: како е можно Дедо Мраз за една ноќ да посети милиони домови, како влегува без да го види никој?

Сепак, експертите нагласуваат дека верувањето во измислени ликови може да има позитивен ефект. Социјалната психологија укажува дека ваквите приказни ја поттикнуваат имагинацијата, креативното размислување и емоционалниот развој.

Но и покрај научните дебати и дилемите, мнозинството родители сметаат дека уривањето на митот би ја нарушило празничната магија.

Интересен е фактот што дури и оние кои се чувствувале измамени како деца, подоцна одлучуваат истата приказна да им ја раскажат и на своите деца. И покрај сè, Дедо Мраз, останува симбол на детската фантазија, надеж и празнична радост.

 

Дедо Мраз или ... мит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.