Политичката партија Нова Република излезе со соопштение во кое стои:
Како партија посветена на слободата, редот и просперитетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ, нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го сметаме за срам за нас – земјата-домаќин.
Затоа Министерството за внатрешни работи да одговори на следните прашања:
– Зошто МВР нема извести за настанот, туку за него дознавме од пренесени информации од Бугарската телеграфска агенција?
– Секоја амбасада во Скопје е физички обезбедена од МВР. Во случајов, каква била и имало ли воопшто реакција на полициското обезбедување?
– Спроти амбасадата има камери од системот “Безбеден град”. Дали тие се во функција на истрагата?
Неказнивоста со политичко-партиски мотиви е лоцирана слабост на владеењето на правото во . Во таа насока, да се потсетиме и дека се уште немаме одговор за тоа кој ја нападна Амбасадата на во Скопје 1999.
Затоа, доколку Владата на не сака да се идентификува како Влада на Додик во Скопје, МВР веќе утре ќе го лоцира и процесуира напаѓачот и ќе ги добие нашите комплименти.
Во спротивно, ќе остане впечатокот дека станува збор за партиски инструирано дело со цел да ги влоши билатералните односи меѓу и , да ја засили неказнивоста, но и да му потврди на Брисел дека официјално Скопје прави се за да се дистанцира од европските интеграции.




