Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Предавњето на архипелагот Маврициус е голма британска глупост

0
By Zoran Ivanov on January 20, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 20, 2026 12:15

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Велика Британија во нов пост на Truth Social, осврнувајќи се на одлуката на Лондон да го предаде архипелагот Чагос на Маврициус, договор што го вклучува и островот Диего Гарсија, каде што се наоѓа стратешки важна британско-американска воена база.

Според договорот, базата ќе биде повторно издадена под закуп на Велика Британија на период од 99 години. Трамп ја оцени оваа одлука како „голема глупост“, додавајќи дека токму ваквите потези се „уште една од долгите причини“ зошто Соединетите Американски Држави треба да го преземат Гренланд.

Изјавата на американскиот претседател дека одлуката на Велика Британија да ги предаде островите Чагос на Маврициус е чин на „голем идиотизам“ нема да влијае врз договорот, изјави британскиот министер Дарен Џонс за телевизијата Скај њуз.

Џонс, кој е началник на кабинетот на премиерот Кир Стармер и член на потесниот круг на британската влада, нагласи дека договорот е клучен за долгорочната безбедност на воената инфраструктура.

Ова е начин да се обезбеди таа воена база во следните 100 години, истакна Џонс.

Во гостување во утринска емисија, тој додаде дека Велика Британија постигнала добар и стабилен договор со владата на Маврициус.

Постигнавме договор со владата на Маврициус. Донесовме закон за регулирање на тој процес. Ги договоривме условите на договорот, кој е потпишан. Тоа е начин да се обезбеди таа воена база во следните 100 години, рече Џонс.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави претходно го „поздравиле“ договорот и дека, имајќи го предвид сложениот меѓународно-правен статус на островите Чагос, ваквиот аранжман е неопходен за „заштита на воените капацитети“.

маврициус страмер Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.