Форматот наречен „Големата шесторка“ е воспоставен поради пазарните шокови поврзани со политиките на американскиот претседател, Доналд Трамп, и во услови на бавен вкупен раст, а го сочинуваат Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија и Полска. Идејата за ад хок коалиција се состои во тоа да им се овозможи на некои членки да водат проекти без потреба од согласност од сите 27 земји на ЕУ.
Разговорите меѓу министрите за финансии на најбогатите земји од ЕУ за тоа како да се поттикне бавната економија на континентот, го означија формирањето на нов клуб во Унијата, на кој би можеле да се приклучат и некои други земји.
Форматот наречен „Големата шесторка“ е воспоставен поради пазарните шокови поврзани со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп и во услови на бавен вкупен раст, а го сочинуваат Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија и Полска.
Бриселски „Политико“ наведува дека „Големата шесторка“ се смета и за ново оживување на „бриселската класика, позната како Европа во две брзини“.
Разговаравме за потребата од подобрување на конкурентноста на ЕУ. Разговаравме за одбраната… За унијата на штедење и инвестиции, а исто така и за единствениот пазар, до одреден степен, изјави полскиот министер за финансии, Анджеј Домањски, за „Политико“ во средата, по министерската видеоконференција.
Засега не е јасно дали овие шест престолнини на ЕУ, кои размислуваат исто за економијата, ќе извршат конкретен притисок врз Европската комисија.
Домањски рече дека вклучувањето на Варшава во ексклузивната група претставува победа и покажува дека Полска, благодарение на својот силен раст, станува сила на која треба да се смета, заедно со традиционалните Франција, Германија и Италија, аретходно Полска беше поканета на состанокот на Групата 20 водечки светски економии.




