Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од стипендии до влијание: Кина и младите на Балканот и во Северна Македонија – kако Кина ја шири својата „мекa моќ“ преку образованието

0
By Zoran Ivanov on February 8, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 8, 2026 11:53

Дополнително, студии за застапеноста на теми поврзани со Кина во македонските медиуми покажуваат дека само мал дел од содржините во 2023 година се фокусираат на односите меѓу Северна Македонија и Кина, но тие што се, често ја третираат темата во контекст на мека моќ, образовни програми и културни аспекти, се посочува во анализа од НГО Инфоцентар. 

Дијана Тахири

Како што големите кинески инфраструктурни проекти, кредити и технолошки партнерства привлекуваат внимание низ Европа, Пекинг се свртува и кон потивок, но стратешки канал на влијание: образованието. Тоа вклучува студиски програми финансирани од државата, бесплатни школарини, стипендии, размена на студенти и активно учество на социјалните мрежи за споделување на искуства од Кина. Овие активности не само што го надополнуваат политичкото и економското влијание, туку и гради „меката моќ“ на Кина – способноста да се обликуваат перцепциите и ставовите на луѓето преку културни и образовни врски, се наведува во анализа на РСЕ на српски јазик.

Според истражувањето на „Естима“ и други аналитички извори, перцепцијата за Кина во Северна Македонија е мешавина од различни ставови, но тие што имале директно искуство со Кина – преку студии, курсеви или контакти – често имаат поотворени или поволни ставови за кинескиот образовен систем.

Образовни програми и стипендии: директни мостови кон Кина

Во Северна Македонија, образовната соработка со Кина се развива постепено, но континуирано:

Министерството за образование и наука објавува конкурси за кинески стипендии кои опфаќаат додипломски, магистерски и докторски студии. На пример, за учебната 2026/2027 година се доделуваат три стипендии финансирани од Владата на Народна Република Кина, со цел да се поттикне учеството на македонски студенти на универзитети во Кина.

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е клучен образовен канал за учење кинески јазик, култура и промоција на образовни размени. Од своето основање, тој активно реализира курсеви за различни возрасти и служи како центар за културна дипломатија.

Младите и дигиталната „мека моќ“: споделување искуства од Кина

Многу млади од Балканот кои одат на студии во Кина не само што стекнуваат академски квалификации, туку и споделуваат делови од својот живот на дигитални платформи. Овие „поединечни амбасадори“ на искуства во Кина допираат до илјадници следбеници дома, создавајќи лични наративи кои придонесуваат за слика за Кина што често се разликува од онаа што се пласира во локалните медиуми, се наведува во статија на Радио Слободна Европа на српски јазик.

Такви примери има низ целиот Балкан, вклучително и студенти од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија кои преку социјалните мрежи ја пренесуваат својата секојдневица, културни искуства и учење на кинески јазик, се вели понатаму во анализата.

Северна Македонија: студенти и перцепции

Иако Северна Македонија нема толкав обем на стипендии или образовни програми со Кина како Србија или Босна и Херцеговина, сè почесто се забележуваат млади кои се заинтересирани за учење на кинески јазик и студирање во Кина.

Анализите покажуваат дека, и покрај ограничените податоци за бројот на студенти, интересот за стипендии и меѓународни академски искуства е во пораст. Ова укажува на растечка културна и образовна интеракција која, иако далеку од доминантна, може да допринесе за формирање на нови ставови и перспективи кај младите генерации, пишува РСЕ.

Дополнително, студии за застапеноста на теми поврзани со Кина во македонските медиуми покажуваат дека само мал дел од содржините во 2023 година се фокусираат на односите меѓу Северна Македонија и Кина, но тие што се, често ја третираат темата во контекст на мека моќ, образовни програми и културни аспекти, се посочува во анализа од НГО Инфоцентар.

Кинеското влијание во балканскиот контекст: Косово, Босна и Црна Гора

И покрај отсуството на институционална соработка на Косово, поединечни студенти од дијаспората сепак се вклучуваат во кинески стипендии и ги споделуваат своите искуства, создавајќи нови наративи преку дигиталните платформи.

Во Црна Гора, Институтот „Конфуциј“ функционира од 2015 година и испратил повеќе од 100 студенти во Кина. Во Босна и Херцеговина, Универзитетот во Источно Сараево има формален договор за образовна размена, а повеќе од 170 студенти учествувале во кинески програми.

Овој регионален контекст покажува дека Кина користи образованието како стратегија на „меката моќ“, градејќи мрежи на млади луѓе кои можат да ја претставуваат Кина позитивно дома.

Регионално, стратегиите за мека моќ на Кина низ Балканот вклучуваат и други форми на културна и јавна дипломатија: од Институтите „Конфуциј“ до медиумски содржини што се дистрибуираат преку локални и регионални канали. Овие активности имаат за цел да го прошорат присуството на Кина надвор од традиционалните економски и политички врски, пишува РСЕ.

Иако економските инвестиции и инфраструктурни проекти остануваат највидливите објекти на кинеското присуство на Балканот, мека моќ – вклучително и образованието – служи како важна основа за долгорочни врски со младите и академската заедница, се наведува меѓу другото во анализа од 2022 година на  aseestant.ceon.rs.

Влијание преку мека моќ со академски и социјални импликации

Кинеските образовни програми и иницијативи на Балканот, вклучително и во Северна Македонија, не се само академски или културни искуства – тие претставуваат стратегиски канал за градење влијание и обликување на ставовите на младите. Преку стипендии, размена и дигитално споделување на искуства, Кина создава мрежи на идни професионалци и влијателни граѓани кои можат да ја пренесат својата перцепција за земјата дома, потенцијално олеснувајќи политички и економски интереси во регионот.

Овие активности имаат долгорочни импликации: тие ја менуваат динамиката на регионалната моќ, ја обликуваат јавната перцепција и создаваат нови канали за промоција на кинеските интереси. Доколку не се следат внимателно, „меката моќ“ преку образованието и социјалните медиуми може да го трансформира Балканот во терен за културно и политичко влијание без директна економска или политичка интервенција.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

влијание Дијана Тахири кинеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.