Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог законот за високо образование – бидејќи не канат професори како критичари на законот …

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 20:25

 

Има уште многу, ама еве да скратам – најјако од се’ е што предлагачите, креаторите, премиерот… и самите НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ кои ги пропишуваат. Пс. Објавувам трудови со ИФ на WoS и Scopus и ќе објавувам, а сум и редовен професор (незасегнат). Но ова што го прават ќе нанесе штета, а не корист на високото образование.

Тамара Јованов

Телма Телевизија викнале министерка и професор да го бранат новиот предлог – закон за високо образование, наспроти двајца млади луѓе, од кои ниту еден не е професор во високо образование!!!

Бидејќи не канат професори како критичари на законот, ќе си пишеме вака – КРИТИКА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ:

  1. Статут на Универзитет ќе аминува Владата, пред да се гласа во Собрание = убивање на автономија и вршење притисок согласно партиските видувања на секоја следна власт!
  2. Ставање на приватна корпорација Web of Science во закон = заробување на научната мисла во тесни рамки на една компанија, која профитира милиони од тоа.

Дополнително тоа значи и убивање на научна мисла вон ИФ – множење со нула на книги, делови од книги, анализи на важни национални прашања, елиминирање на скоро сите домашни списанија…

  1. Башка – пропуст во поглед на опфатот и на таа една приватна база која ја ставиле, бидејќи не опфатиле индексирани публикации од конференции, не предвиделе дека не сите списанија таму се со ИФ, а ги има и такви од висок ранг кои не задолжително имаат ИФ. Иако сите овие се бројат во базата и се земаат предвид при цитирање.
  2. Исклучување на Scopus за општествени науки = дискриминација на општествените науки во однос на природните и техничките, бидејќи светски призната база која е една од најголемите за општествени науки, ја множат со нула.

На основ на ова, ќе не снема и од тие листи на кои мерат по Scopus, каде сега не’ има, а котираме добро. Оваа глупост може да ја има смислено само некој тежок дибидус со тесен поглед само на својата област од природни науки.

  1. Исклучување на сите други бази = ставање клуч на отворена наука и креирање елитизам во науката, каде пристап до трудовите ќе имаат само оние со платен пристап до WoS!!!

Тековно, самите ние НЕМАМЕ пристап до WoS, иако доста од нас објавуваат таму.

Притоа, низа светски декларации говорат за штетите од затварање на науката во ИФ кругови!

Комедија ли е или трагедија, ценете сами.

  1. Не се зема предвид времето потребно за објавување трудови со ИФ, кое некогаш трае и по 2 години за еден труд, особено во општествените науки, што прави простор за штанцање трудови во списанија во кои се плаќа, а процесот е побрз, за да се стигнат кратките рокови наспроти бараните бројки на трудови.

Во превод, народни пари ќе трошиме на WoS, илјадници евра, за да глумиме научници.

  1. Наметнување на построги критериуми од една Словенија, со скоро 10 пати повеќе инвестиции во наука од нас = бурлеска!

Притоа, факултетите немаат ни лиценцирани софтвери за анализа на податоци!!!

  1. Професори на високи стручни школи НЕ ТРЕБА ДА ИСПОЛНАТ НИШТО ОД СТРОГИТЕ КРИТЕРИУМИ.

Ќе никнуваат ко печурки на дожд и ќе ги заменуваат факултетите со 3 години образование, кое ќе го продаваат како факултет, како што прават и сега!

  1. Нема спречување на непотизам при вработување на факултетите, па така, мајките и татковците професори ќе можат да си пишуваат со нивните деца и утре да си ги вработат ко професори!

Другите, обични смртници нека му ја мислат.

  1. Образовната и апликативната дејност на факултетите е ставена во позадина, а е една од најбитните – како за придонес со нови квалитетни кадри, така и за креирање корисност за реалниот сектор и општеството во целина (кои заради фокусот на бркање ИФ ќе бидат во втор план).
  2. Ректор ќе се бира по принципот еден професор – еден глас, што секогаш ќе ги става во предност факултетите кои се затекнати со поголем број професори, без оглед на други фактори на влијание (програма, лик, дело и сл.).
  3. Фамозниот h-index не е дефинирано ни за кој h-index се работи, иако го има и на WoS, Scopus, google scholar, а притоа не зависи од самиот професор, туку од бројот на цитирања во рамки на една база, на слободен избор на оние кои пишуваат.

Сега би требало да се договараме да се цитираме едни со други, наменски, за да расте индексот?

Која е поентата, освен мерење его? …

Има уште многу, ама еве да скратам – најјако од се’ е што предлагачите, креаторите, премиерот… и самите НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ кои ги пропишуваат.

Пс. Објавувам трудови со ИФ на WoS и Scopus и ќе објавувам, а сум и редовен професор (незасегнат).

Но ова што го прават ќе нанесе штета, а не корист на високото образование.

Треба да се ревидира и поправи!

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

закон критика образование тамара јованов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.