Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДА Македонија: Го осудуваме однесувањето на Вучиќ кон Шеќеринска – државниот врв да рагира

0
By Zoran Ivanov on February 16, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 16, 2026 18:07

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, оценувајќи дека станува збор за „примитивен однос“, се наведува во соопштението на партијата.

Реакцијата доаѓа по изјавите на Вучиќ на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, во кои тој ја критикуваше Шекеринска.

Сметаме за важно да му се укаже на Александар Вучиќ дека нема морално право било кого да обвинува за сецесија. Посебно не лажно, без аргументи и со извртување на тези да обвинува заменик-генерален секретар на НАТО, во случајот Радмила Шекеринска, наведуваат од СДА Македонија.

Од партијата оценуваат дека ваквиот однос не е само личен, туку има поширока политичка димензија.

Примитивниот однос на претседателот на Србија кон заменик-генералниот секретар на НАТО не може да се смета за личен однос. Тоа е однос на претседателот на Србија кон НАТО, но и негов однос кон позицијата на државата од каде што доаѓа заменик-генералниот секретар, во случајот Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

СДА Македонија го критикуваше и, како што наведуваат, „молкот“ на државниот врв во Северна Македонија.

Запрепастувачки е молкот на претседателката на државата, Гордана Силјановска – Давкова, како и молкот на Владата на Северна Македонија. Сметаме дека претседателката и претседателот на Владата треба да упатат реакција до претседателот на Србија со осуда за неговиот некоректен однос, стои во реакцијата.

Во соопштението, партијата изразува поддршка за членството на Северна Македонија во НАТО и ја истакнува позицијата на Шекеринска во Алијансата.

Мнозинството граѓани на Република Северна Македонија се горди што нашата држава е дел од НАТО, кој претставува најголем безбедносен, демократски и економски сојуз во светот. Горди сме и што заменик-генерален секретар на НАТО доаѓа од Република Северна Македонија, наведуваат од СДА Македонија.

 

Вучиќ сда македонија шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.