Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ издание на „Светилка за Ханука“

0
By on March 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2013 11:29

Деновите кога се заокружува 70-годишнината од депортацијата на македонските и во знак на сеќавање на холокаустот на Евреите од Европа, книгоиздателството „Икона“ го објави второто издание на збирката раскази и новели “Светилка за Ханука“ на Томислав Османли. Книгата содржи драматични повести, сугестивни ликови, и бројни теми од животот, но и на страдањето на Евреите како од Македонија, така и од различни места во поширокиот регион. „Светилка за Ханука“ вклучува девет прозни целини од различка големина, слично на обредната светилка која се користи за Ханука, еврејскиот Празник на светилината.

-За оваа книга авторот Томислав Османли ја доби наградата „Прозни мајстори“. Претходно, една од клучните прози на книгата „Фотографијата на тетка Рашела“ стана обитник на Првата награда на конкурсот за расказ на МАНУ и на Фондацијата „11 март 1943“.

Меѓу релевантните признанија на оваа книга се и големиот број објави на нејзините раскази и новели во голем број меѓународни списанија списанија, како: реномираното њујоршко списание „Forward“, полското европско списание „Krasnogruda“, во српските „Koraci“, „Ulaznica“, „Видело“, во хрватското како и во интернационалното издание на загрепското списание „Ruah Hadasha“ и др… Инаку книга „Светилка за Ханука“, расказ по расказ, на англиски јазик беше објавувана и до крајот на годинава 2013 ќе биде исцело објавена во светското сефардско списание „Los muestros”. Нови меѓународни објави на расказите и новелите од оваа книга допрва следат. Со сите тие објави, книгата „Светилка за Ханука“ е една од најпреведуваните македонски прозни збирки.

Првото издание, како двојазична објава на текстовите на македонски и на англиски јазик во превод на Пеги Рид и Љубица Арсовска, го објави книгоиздателството „Форум“ од Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.