Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Марш за ангелите – не умираме од несреќи туку од корупција

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 21, 2026 18:27

Родителите на починатите во трагичниот пожар од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ денеска на протестниот „Марш за ангелите“ реагираа на забавената динамиката на закажување рочишта во судскиот процес.

Пред почетокот на судењето добиле јасно и гласно ветување од судиите и обвинителите дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има одложувања со неоправдана причина, дека строго ќе се контролираат лекарските оправдувања, нивната цел, точноста и дали навистина соодветствуваат со фактичката и здравствената состојба на обвинетиот.

Денес прашуваме: каде се тие ветувања? Гледаме одложувања, гледаме оправдувања. Во месец јануари се одржа само едно рочиште. Во февруари досега се одржаа две, а до крајот на месецот е закажано уште едно – ако воопшто се одржи. И токму затоа прашуваме: каде е ветената динамика? Каде е најавеното темпо од две рочишта неделно? Гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави, стануваат „болни“ и доставуваат медицинска документација за која ние не знаеме дали е основана или не. А тоа кај нас буди сомнеж дека ваквите дејствија се во насока на одолговлекување на постапката – рече пред Основниот суд во Кочани, Александар Наунов, татко на починатата Надица.

Зборувајќи во името на родителите на настраданите, Наунов нагласи дека слушнале информации за привилегии што не смеат да постојат.

Според него, на првоосомничениот му бил пронајден телефон во ќелијата и сè завршило со опомена.

Се поставува прашањето: дали навистина се врши редовна контрола во притворот? Што се случува со телефоните на првоосомничениот? Дали се обработени до крај и дали од нив е извлечена целата можно достапна комуникација? И уште поважно – дали е прифатливо лице осомничено во ваква трагедија да помине само со опомена, или требаше директно да следи казна со краток престој во самица? Тоа не враќа доверба. Тоа отвора сомнежи. Бараме одговор – рече таткото на загинатото девојче.

На сите оние кои однапред тврдат дека случајот „Пулс“ бил толку „климаво поставен“ што ќе падне, Наунов им порача да запомнат дека, како што рече: „под тие скали не лежи предмет, не лежи бројка, не лежи статистика. Под тие скали лежат 63 млади животи, 63 недоискажани соништа, 63 светови што згаснаа за миг, 63 семејства што никогаш повеќе нема да бидат цели. Тоа не се имиња на лист хартија. Тоа се свети имиња — вредни за почит, за достоинство, за вистина“.

Ако ветивте динамика — покажете ја. Ако ветивте контрола — спроведете ја. Ако ветивте правда — испорачајте ја. Нашето трпение е при крај, но нашата борба за правда не запира. Ќе следиме. Ќе прашуваме. Ќе зборуваме. Правдата за „Пулс“ мора да се случи. Без одлагање. Без изговори. Без компромиси – истакна Александар Наунов на крајот од обраќањето од пред кочанскиот Основен суд.

 

Кочани марш на ангелите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.