Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кичево: Централна прослава за Денот на извидниците

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 22, 2026 10:47

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Кичево ќе ја одржи централната прослава за одбележување на Денот на извидниците. Извидници од целата држава ќе се соберат на едно место за заедничко одбележување, свечено давање извиднички завет и реализација на пригодна културно-забавна програма.

Одбележувањето на Денот на извидниците традиционално започна со кампањата „Направи добро дело“ преку која извидниците во текот на февруари ги идентификуваат потребите во својата локална заедница и придонесуваат кон нејзино подобрување преку правење добротворни кампањи, иницијативи кои се спроведуваат во текот на целиот месец.

Оваа година секоја седмица имаме посебна тема за добри дела: Направи добро дело за себе, за другите (заедницата), за околината и за културата и традицијата. Со тоа четири недели извидниците се активни во својата заедница правејќи и промовирајќи добри дела.

Во соработка со Црвениот крст, извидничките одреди низ целата држава организираа и крводарителски акции со цел подигање на свеста за значењето на крводарувањето и солидарноста. Оваа година, централната крводарителска акција се одржа во Скопје на 20 февруари од 14:00 до 18:00 часот во Младински центар Матично, информираат од СИМ.

Сојузот на извидници на Македонија е младинска организација основана во 1953 година со повеќе од 70 години традиција и искуство преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности кај деца и млади.

СИМ ја спроведува својата програма речиси на целата територија на државата и претставува најголема младинска чадор организација на активни 20 извиднички одреди. Во моментов на извидничките одреди на СИМ, извидничката програма ја следат повеќе од 3.000 деца и млади.

Сите извиднички одреди членки, согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на животни вештини. Како организација СИМ е членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеке од 180 држави и територии низ светот.

 

извидници Кичево прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.