Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче до Мицкоски: Немате одговор за ниту едно прашање

0
By Zoran Ivanov on February 26, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2026 16:53

Како и секогаш, немате никаков точен одговор на ниту една тема, само спин, му реплицираше претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на премиерот Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Филипче во репликата порача дека власта единствено знае да шири лажни вести преку контролираните медиуми.

Ќе ги користите сега вашите медиуми под контрола на вашиот миленик Орбан да ширите лажни вести, да создавате колективна психоза. Премиере, не се води вака владата ни државата. Незадоволни се луѓето. Не се бранат работите така како што вие ги кажувате. Тоа едноставно не се брани. Не се брани да не им излезете у пресрет на земјоделците. Не се брани тоа да не им ги зголемите платите на работниците. Не се брани, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните од владата очекуваат поддршка а не дефокус и лажни вести.

Луѓето очекуваат поддршка од вас, а не Харис Џиновиќ, Дубаи и така натаму. Не сакаат тоа да го слушаат. Тоа е кафански муабет. Еве сега гледаме сакате да бидете експерт во сè, ама ако сте експерт во сè, слушнете ги луѓето, слушнете ги нивните барања и најдете им решенија, затоа што се друго е импровизација. Сега слушнавме дека сте експерт и за инпут и аутпут. Лошо е кога во инпут и аутпут ќе импровизирате, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во прашањето до премиерот Мицкоски, нагласи дека власта упорно молчи и нема одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница.

Што да се праша за дрогата што помина преку граница? Нема одговор. Знам ќе кажете Струмица, ваму-таму. Пет тони дрога се препакувале, патувале низ истокот на земјата како јастуци, како и органи поминале граница. Не ги видела полиција, не ги видела царина. Таму ги примаат луѓе блиски до СНС, вашата сестринска партија, рече Филипче.

Во прашањето, Филипче додаде дека нема никаков одговор ниту за поврзаноста и фотографиите на премиерот Мицкоски со лицето Симо, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.

Се мислев да прашам нешто за Симо со којшто имате цел албум со слики, човекот што пука со Калашников и притоа го цитира Шешељ, рече Филипче.

 

 

Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.