Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“  

0
By Zoran Ivanov on March 3, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2026 18:39

 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички.

Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во контекст на членството во НАТО ги нарече предавнички. Не знам за какво предавство станува збор, кога отсекогаш сме се бореле и ќе се бориме исклучиво за доброто на државата и на сите граѓани, рече Филипче.

Во изјавата Филипче додаде дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на  државата, и тоа е резултат на стратешките, визионерските и државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении.

Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, благодарение на тоа што сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно гледаме особено во овие кризни времиња, кога на повеќе места во светот има војни. Ова што веќе четири години трае на територијата на Украина е резултат на агресијата на Русија. И новите жаришта што се појавуваат на повеќе места во светот дополнително ја нагласуваат важноста на нашето членство. Ова е трајна придобивка за нашата земја, рече Филипче.

 

 

ДПМНЕ НАТО Руте Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.