Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Линеарно усогласување на пензиите – тактизирање на уставен во служба на политиката

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 18:00

Темелко Ристески: Линеарното усогласување на пензиите, заснованоно на интервенциите со измени и дополнувања на членот 37 од Законот за ПИО, долго време е тема во пензионерските кругови, а и пошироко. Неговите поддржувачи, претежно од редовите на граѓаните со ниски пензии, тврдат дека тоа е праведно и уставно затоа што цените на стоките и услугите растат подеднакво за сите.

Противниците пак, тврдат дека не е уставно затоа што влоговите на граѓаните во Фондот за ПИОМ не се еднакви. Против Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025). со кој се интервенира во членот 37 од истиот закон, се поднесени неколку иницијативи.

Подносителите на иницијативите за оценување на уставноста на линеарното усогласување на пензиите, меѓу кои беше и мојата маленкост, како основно тврдеа дека линеарното усогласување (зголемување) на пензиите пропишано со член 2 од наведениот закон ја нарушува уставната еднаквост на граѓаните, правото на сопственост и начелото на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите со различни придонеси за пензиско и инвалидско осигурување.

Кон крајот на декември минатата година Уставниот суд не донесе одлука за поведување постапка за уставноста на спорниот член од Законот за ПИО затоа што господата уставни судии се поделиле во ставовите фифти-фифти и донесувањето на одлука го одложи до комплетирањето на судот со судии. Веднаш штом слушнав за ова, помислив дека Судот ќе тактизира во интерес на политиката на Власта и дека нема да донесе одлука до истекувањето на важноста на законот .

Според вчерашното соопштение на Судот, тој ја запрел постапката за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Во сила останува т.н. линеарното зголемување на пензиите. Според Судот отпаднал сомнежот за неуставност на оспорениот закон

Според член 39 од актот на Судот, Уставниот суд ќе ја запре постапката покрај другото ако: – во текот на постапката, законот, другиот пропис или општ акт престанале да важат, а не наоѓа основи за оценување на нивната уставност, односно уставност и законитост во време на важењето. Оспорениот закон престанал да важи пред некој ден – на 28 февруари.

Господата уставни судии не се потрудиле да најдат основи за оценување на уставноста на Законот и одвај чекале да истече неговата важност за да ја запрат постапката за неговата уставност. Како поинаку би постапиле мнозинството од нив, кутрите за да не се замерат со Власта. Вака се најсигурни. Важноста на законот истекла. Тие ја запреле постапката. Власта нема да им замери. Волкот е сит но, во случајов, овците не се на број.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

став Темелко Ристески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.