Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Права. Правда. Акција. За сите жени и девојки – осмомартовски протести денес ќе има насекаде во светот, мотото е „Права. Правда. Акција. За сите жени и девојки“

0
By Zoran Ivanov on March 8, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 8, 2026 11:17

Демонстранти во десетици европски градови денеска ќе излезат на осмомартовски протести под глобалното мото на Обединетите нации за годинава, кое гласи: „Права. Правда. Акција. За сите жени и девојки“

Меѓународниот ден на жената ќе биде во знакот на барањата за итна институционална пресметка со родово заснованото насилство и крај на економската дискриминација, додека во фокусот на светската јавност е заштитата на жените во воените зони и нивната улога во мировните процеси.

Протестен марш се одржува и во Скопје, а тој доаѓа само неколку дена откако македонската јавност ја потресе трагичниот случај со Ивана Јовановска, која скокна од балкон од зграда заедно со шестгодишната ќерка, откако двете со години трпеле брутално насилство од нивниот сопруг и татко, Стојанче Јовановски.

Во Белград, активистите ќе протестираат под мотото „Ниту една повеќе“, а предвиден е марш низ центарот на градот. Главното барање е законски да се дефинира фемицидот како посебно кривично дело. Албанија: Во Тирана и Корча, денешните протести се фокусираат на социјалните последици од емиграцијата и зголемената ранливост на жените во руралните средини.

Во Софија, за денеска се закажани низа конференции и маршеви со фокус на економската рамнотежа и целосно затворање на платниот јаз меѓу мажите и жените, додека во Турција се најавени собири во Истанбул и во Дијарбакир, каде се очекуваат илјадници жени. Во Албанија, ќе има протести во Тирана и во Корча. Во Атина, женските организации ќе протестираат против влијанието на економската несигурност врз работните права на жените и мајчинството.

Во Загреб и во Љубљана, пак, денешните маршеви се насочени кон одбрана на репродуктивните права како одговор на обидите за ограничување на правото на безбеден абортус.

Низ европските метрополи, 8 март 2026 година минува во знакот на барања за конкретни правни реформи. Во Франција и во Шпанија се очекуваат најмасовните собири во цела Европа а фокусот е на ревизијата на законите за сексуална согласност и на еднаквоста при вработувањето.

Во Берлин и во Хамбург, денешните протести се фокусирани на „невидливиот труд“, а учесниците ќе побараат подобро вреднување на работата во домот и на грижата за децата.

Во Вашингтон и Њујорк, најавени се протести за заштита на репродуктивните слободи, додека во Аргентина и Мексико денеска продолжува силниот крик на јавноста против убиствата на жени, под слоганот „Ниту една помалку“ (Ni Una Menos).

Ќе протестираат и жените во Авганистан под талибанскиот режим, кои најавија изрази на револт кои ќе се одржат во затворено, со барања за правата на образование и работа.

 

 

осмомартовски протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.