Продукциската куќа „Трето Уво“ најави џез концерти со врвни македонски музичари. Циклусот го нарече JAZZOTERIA.
Целта е поголема промоција и афирмација на современата македонска џез сцена. Станува збор за серија од шест ексклузивни настапи на врвните македонски џез музичари Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски.
Настаните ќе се одржат во аудиоцентарот „Аудиокултура“ во Скопје, Тафталиџе.
Според продуцентот Иво Јанковски, JAZZOTERIA“ претставува интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот.
Публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера.
JAZZOTERIA има за цел да поттикне промоцијата и популаризацијата на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз.
Со оваа серија на концерти, Аудиокултура повторно се потврдува како значајно место за врвни музички доживувања и поддршка на домашните уметници, создавајќи платформа каде македонскиот џез може да се слушне во својата најчиста и најинтимна




