Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на швајцарската банкарска тајна

0
By Светлана Јовановска on May 27, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2015 13:29

ЕУ и Швајцарија денес потпишуваат договор кој го доби атрибутот “историски” и кој треба да ја подобри борбата против даночното затајување.

Во рамките на договорот двете страни се обврзуваат да споделуваат автоматски информации за финансиските сметки на нивните граѓани од 2018 година.

Овој договор го означува крајот на банкарската тајност на Швајцарија за граѓаните на ЕУ па така оние кои имаат намера да затајат данок нема повеќе да можат своите нечесно заработени пари да ги стават на сметка во оваа земја.

Комесарот за економија Пјер Московици рече дека со овој потпис се отвара нова ера која ќе биде далеку потранспарентна и им се задава сериозен удар на оние кои сакаат да не ги пријават своите приходи и да ја стават ваквата заработка вон од својата земја. Московици се надева дека и други земји ќе ги следат примерот на ЕУ и нејзините членки доколку се определени за вистинска борба против даночното затајување.

Автоматската размена на информации е еден од најефикасните инструменти за борба против даночно затајување бидејќи на даночните власти им дава клучни информации за непријавениот приход на сметките на граѓаните па овие власти можат лесно да го пресметаат данокот кој и се должи на државата.

Во рамките на договорот ЕУ-Швајцарија, земјите членки ќе добиваат секоја година имиња, адреси, броеви на даночна идентификација и датумите на раѓање на сите кои имаат сметки во Швајцарија како и тоа колку пари има на на сметката. Оваа мерка и има и разубедувачки ефект кај оние кои се сакаат да скријат данок.

Договорот е компатибилен со новата светска норма на ОЦДЕ и Г20 која се однесува на автоматска размена на информации.

Европската комисија преговара ваков договор и со Андора, Лихтенштајн, Монако и Сан Марион. Овие договори треба да се потпишат до крајот на годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.