Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ: 14-ти март сите заедно протестираме за плата!

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2026 14:25

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани, изјави:

Почитувани претставници на медиумите, почитувани работници…. На 14-ти март во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом го започнуваме новиот голем работнички протест за зголемување на вашите плати, а за вашите плати треба да излезете заедно со нас да се борите затоа што другите нема да се борат. Тие сметаат дека ви ја даваат платата која вие ја заработувате, но вие ја заработувате вашата плата со вашата пот и со вашата мака. Сметаме дека 1.667 денари усогласување само на минималната плата е недоволно во овие услови во кои живееме затоа што трошоците за живот секојдневно растат, а особено заради тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница за само два месеци е зголемена за 2.000 денари. Тие сметаат дека вие сте задоволни со ништо или дека сте задоволни со ронки, наспроти луксузот кој им го овозможувате нив и затоа ве повикуваме сите…

Членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати да ни се придружите во сабота во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите и минималната плата мора да се зголемат на сите. Дека платите во Македонија се мизерни покажуваат и податоците на Управата за јавни приходи кои покажуваат дека 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата. Сметаме дека треба да излезете заедно со нас… ако не ние сега, тогаш кој и кога?!”

На новинарското прашање кое се однесуваше на последната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) која ССМ ја напушти и на тоа дали има најава за одржување на нова седница, како и за тоа каква е процедурата за законското усогласување од 1.600 денари на минималната плата, Претседателот на ССМ одговори:

“За жал на минатата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) од страна на социјалните партнери беше направен обид на мала врата да ја усогласат минималната плата само за 1.667 денари, затоа што тие сметаат дека тоа им е доволно на работниците. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја напушти седницата затоа што има одлука да бара 600 евра минимална плата и за најмалку 6.000 денари зголемување на сите останати работнички плати.

По нашето напуштање на седницата немаше кворум за носење на било какво одлука за било какво усогласување или утврдување на износот на минимална плата и затоа нејасно е како изјавуваат лесно дека тие ќе ја утврдат висината на минималната плата согласно законските критериуми. Согласно Закон потребно е мислење на Економско-социјалниот совет на кое треба да гласаат социјалните партнери, а за да функционира Економско-социјалниот совет треба да има претставници од сите репрезентативни организации и на работниците и на работодавачите. Сметаме дека во месец март мора да се зголеми минималната плата, затоа што тие не ја даваат, туку затоа што ние како работници ја заработуваме и затоа што им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат.

 

плата протест сабота ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.