Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чист дилетантизам – Владата ги измеша функциите и надлежностите на европските институции

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 12, 2026 13:37

 

Андреј Жерновски: Да се поистоветуваат Советот на Европа и Европската Унија е врвен дилетантизам. Тоа е исто како некој да ги меша Обединетите нации со НАТО-толку е голема разликата. Станува збор за две сосема различни организации, со различни механизми, процедури и цели.

Постмониторинг дијалогот на Советот на Европа е еден процес, а извештаите на Европскиот парламент и Европската комисија за напредокот кон ЕУ се сосема друг процес. Тие немаат никаква институционална или процедурна допирна точка.

Советот на Европа е организација која се занимава со демократија, човекови права и владеење на правото во поширока европска рамка. Во неа членуваат речиси сите европски држави, далеку повеќе од членките на ЕУ.

Европската Унија, пак, е политичка и економска унија со сопствени институции, законодавство и со многу сложен процес на пристапување.

Затоа е навистина загрижувачко кога владејачка партија, која ја води државата и ја претставува во меѓународната политика, демонстрира вакво ниво на дипломатска неписменост.

Но можеби не треба да бидеме толку строги. Можеби ова е само новата методологија на Владата за европска интеграција: ако веќе не знаеме како се влегува во Европската Унија, барем да почнеме со тоа да ги мешаме европските институции.

Со малку среќа, следниот дипломатски „успех“ ќе биде објаснувањето дека членството во Советот на Европа е исто што и членството во ЕУ.

По нивната логика, Македонија веројатно веќе одамна е и во еврозоната.

Извор: Фејсбук

 

Андреј Жерновски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.