Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жртвите и на чествувањето го изгубија идентитетот

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 12, 2026 16:07

Ова е голем удар за нас родителите. Ова не го очекувавме, уште една голема рана за нас, родителите. По една година комеморација со две страници читање на напишан текст?! Не знам, катастрофа, многу големо разочарување – рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.

Мариела Трајковска

Ниедно дете не беше споменато со име и презиме, само правдање за Собранието. Ова не го очекувавме, уште една голема рана за родителите. Комеморација со две страници читање напишан текст?! – се пожалија родителите на загинатата Надица Наунова. Само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството, порача спикерот Африм Гаши, повикувајќи точно да се лоцира одговорноста за направените пропусти поради кои беа изгубени животи

Пратениците не им оддадоа почит на нашите деца, ниту имињата не им ги споменаа, ова е само уште еден удар и рана за нас родителите, срамота, се коментарите на родителите на загинатите деца од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани по денешната комеморативна седница на Собранието по повод годишнината од трагедијата во Кочани во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

– Денеска сме собрани овде, повикани од Владата, за комеморација на нашите деца по една година од трагедијата. Очекувавме и се надевавме дека кога ќе дојдеме овде, ќе им оддадат почит на нашите деца, но сè падна во вода. Комеморација за нашите деца – 63 жртви – за една држава, со две страници читање и ајде чао, пријатно, толку беше! Ова е голем удар за нас родителите. Ова не го очекувавме, уште една голема рана за нас, родителите. По една година комеморација со две страници читање на напишан текст?! Не знам, катастрофа, многу големо разочарување – рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.

Ние ќе си плачеме на гробовите, а тие ќе се полнат со пари

Таткото на Надица, Александар, видно разочаран и револтиран од комеморативната седница во Собранието, рече дека очекувале барем имињата на нивните деца да бидат кажани.

– Очекувавме за секое дете барем по две минути да одвоеја, бидејќи на сите институции им беше пренесено. За жал, ниедно дете не беше споменато со име и презиме, само правдање за Собранието и за одморот од две недели што си го зедоа по трагедијата. Една година чекавме државата да се одважи и да организира комеморација за нашите деца. Тоа требаше да се случи многу порано. Овој чин е многу задоцнет, но важен, бидејќи покажува дека трагедијата во „Пулс“ не е само семејна болка, туку и институционална одговорност. Затоа очекуваме институциите што поскоро да ја преземат својата одговорност и конечно да има вистинска правда, како што кажа и претседателот на Собранието Гаши – рече Александар Наунов.

Тој додаде дека комеморативната седница била последна надеж за нив и дека сега ја изгубиле и неа.

– Ние родителите ќе си патиме и ќе ја бараме вистинската правда и се надеваме дека ќе ја добиеме. Комеморацијата беше изнудена, под притисок од родителите, ако ние не притискавме, немаше да се случи – рече Наунов.

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов, рече дека е срамота по една година да закажат комеморација.

– Не знам, ова го нема ни во Авганистан ни во Пакистан. Уште и нè напаѓаат, нè гледаат како противници, како да сме ѓаволи. Тие одат контра, како ние да сме биле виновни, како ние да сме ги пуштиле децата да загинат. Дури ни изјавуваат зошто сме ги испратиле децата во диското, срамота! Барем малку да имаа доблест и чест спрема децата. Но како што гледате, кучињата си лаат, карванот си врви. Ние ќе си плачеме на гробовите, а тие ќе се полнат со пари. Јас како татко на моето дете 60 години работам за да му изградам куќа и сега кому ќе остане таа куќа, а тие (пратениците, н.з.) за четири години ќе се нафатираат со пари и ќе остварат профит и оставаат пари за поколенија. Срамота и грев за нашите деца. Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите. Ако институциите работеа како што треба, нашите деца сега ќе шетаа, ќе пиеја кафе. За жал, во таква држава сме се родиле – рече Стојанов.

Гаши: Вашата болка е болка на целото општество

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја почна комеморативната седница по една година политички натегања и надмудрувања околу несреќата за да се избегне одговорноста. Тој се обрати пред пратениците, премиерот, претседателката на државата, како и пред родителите, роднините и семејствата на загинатите во пожарот.

– Стојам пред вас со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорноста – рече Гаши на почетокот од својот говор.

– Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март 2025 година. Ноќ што почна со забава, а заврши со плач, рани и болка што длабоко продреа во срцето на целата држава. Таа ноќ, Кочани и Македонија изгубија дел од својата иднина. Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат. Дури и по една година тешко е да се изберат, а уште потешко е да се изговорат зборови. Тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човек го чувствува. Јавниот збор е должност, но тој никогаш досега не бил толку тежок – рече Гаши.

Во говорот тој ја нагласи болката на семејствата и на изгубените соништа на толку млади луѓе. Според него, солзите на родителите во Кочани зборуваат повеќе од зборовите на кој било политичар. Тој нагласи дека оваа комеморација не е само институционален формализам, туку заедничко поклонување пред тие што ја носат тежината од овој настан.

– Може да се направат грешки во политиката, но важно е таа да не се претвори во грев – додаде Гаши пред да ги објасни мотивите зошто досега не се одржа ваков настан.

Тој потоа ги истакна хуманизмот и солидарноста што ги демонстрираа граѓаните по настанот, како и меѓународната заедница.
Во најтемните денови за земјата ја видовме и најсветлата страна на општеството, истакна Гаши, споменувајќи дека „видовме лекари и медицински сестри што работеа деноноќно за да спасат нечиј живот, видовме пожарникари што не се штедеа себеси за да извлечат некого“. Таа солидарност немала ниту политички, ниту етнички, ниту верски бои.

– Трагедии како оваа покажуваат дека одговорноста на институциите е поголема отколку што замислуваме, а правдата е поважна отколку што очекуваме. Правдата не треба да биде ниту пребрза ниту задоцнета. Само правдата и вистината можат да донесат мал спокој за семејствата и за општеството – порача Гаши, повикувајќи точно да се лоцира одговорноста за изгубените животи поради направените пропусти.

Тој зборуваше за загубата на општеството и посочи дека меѓу оние што ги изгубивме „имаше уметници што со години ја осветлуваа сцената, имаше фудбалери и многу други чии потенцијали никогаш нема да ги дознаеме“.

– Песната на ДНК „Ако утре ме нема“, денес добива поинакво значење. За некои од оние што пееја, утрешниот ден навистина не дојде. За другите дојде, но без оние што ја пееја. Споменот на жртвите од Кочани треба секогаш да живее во нас, кога родител ќе го прегрне своето дете, кога институција ќе постапува одговорно, кога професионалец ќе си ја врши својата работа. Тоа е најсоодветниот начин да им оддадеме почит – порача Гаши.

Претседателот на Собранието им се обрати и на роднините, уверувајќи ги дека силно се споделува нивната болка.

– Вашата болка е болка на целото општество. Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители да се вратиме кон самите себе и кон нашата човечност за да се издигнеме како феникс и повторно да ја изградиме оваа држава, овој пат врз основа на чесност, праведност и искреност. Ова да биде последната трагедија. Бог да ги помилува душите на оние што таа ноќ заминаа во вечност. Вечна им слава – рече Гаши, по што комеморативната седница беше завршена.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

комеморација мариела трајковска пулс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.