Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на културата отворено до министерот

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 14, 2026 15:43

Да, осум правосилни пресуди, министре и Вие сте над законот.

Не станува збор за 471 денар, станува збор за принцип, за закон, за правда.

По прес-конференцијата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков , која следеше по пресот на Синдикатот Синдикат на културата на Република Македонија , станува јасно дека министерот суштински не ја разбира улогата и значењето на синдикалната борба за заштита и унапредување на работничките права.

Од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција произлегува впечаток дека и неговите поранешни јавни настапи во поддршка на синдикалните барања биле мотивирани пред сè од политички, а не од принципиелни позиции.

Затоа денес сосема легитимно се поставува прашањето: доколку неговата политичка партија не беше на власт, а истите проблеми постоеја во културата, дали денес министерот ќе застанеше на прес од партиска говорница со поддршка за Синдикатот или е силно убеден во тоа што денес го говореше.

Во однос на наводите изнесени на неговата прес-конференција, должни сме јасно и одговорно да ја информираме јавноста за следното:

Во Колективниот договор за култура не постојат привилегии за одредени групи вработени. Во сите неговите одредби се користи поимот работник, без какво било разграничување по дејност, професија или институција.

Синдикатот никогаш не побарал права или поволности кои не би важеле подеднакво за сите вработени во секторот култура.

Во однос на изјавата дека раководството на СКРМ бара администрацијата и локалните установи да бидат исклучени од “сите решенија” “за привилегија на едни, а исклучување на други”, констатираме дека е доста конфузна и нејасна а, ваквите неточни наводи умислено се користат во обид да го дестабилизираат синдикалното делувањеʼ “како по книга”, особено ако се земат предвид изјавите на министерот пред раководството на СКРМ дека „не може библиотекар во Делчево или Кочани да прима иста плата како тој во Скопје“, или дека тој лично разговарал со гредоначалници од внатрешноста за висината на платите во локалните установи.

Ваквите “сламка” изјави на министерот претставуваат интенционен простор за поделби меѓу вработените и создаваат впечаток дека намерно се конструира наратив за наводни привилегии, со цел да се дискредитира синдикалната борба.

Доколку министерот има искрена намера да ги унапреди правата на балетските уметници преку бенифициран работен стаж, тоа може да го направи во секое време, со едноставна законска интервенција – преку измена на Законот за култура. За такво решение не е потребен нов Колективен договор.

Во однос на теренскиот додаток, станува збор за право од работен однос утврдено со Закон и Колективен договор и применливо за сите вработени во културата, вклучувајќи ги и уметниците, кои ги исполнуваат условите. Доколку во одредени институции тоа право досега не било применувано, а вработени биле испраќани на работни задачи надвор од седиштето на установата повеќе од три последователни дена, станува збор за пропуст на раководствата на тие институции, а не за барање или постапка на Синдикатот.

Синдикатот на културата категорично ги отфрла обидите вчерашната прес-конференција на СКРМ, да се дискредитира со квалификации кои не придонесуваат за институционален дијалог. Наместо квалификации, очекуваме аргументи и транспарентност.

Затоа го повикуваме министерот јавно да ги објави сите документи на кои се повика во неговиот прес. Јавноста има право не само да слуша изјави, туку и да види дали тие се поткрепени со факти.

Затоа што фактите се поинакви. Во моментов постојат права утврдени со закон и со важечкиот Колективен договор кои не се почитуваат. Во такви услови, сосема е оправдано прашањето: како ќе се зборува за унапредување на правата, кога ни постојните не се спроведуваат?

СКРМ не бара незаконска пресметка на платите. СКРМ не бара минимална плата од 39 631 денар.

СКРМ бара платите да се пресметуваат во согласност со законите и колективните договори.

Ова не е ултиматум, туку легитимно инсистирање на почитување на правниот поредок и на работничките права.

И не станува збор за 471 или за 1331 денари, колку и да сакате да ги девалвирате „смешните суми”.

Станува збор за принцип, за закон и за правда.

Зошто со скратување на едно право, се отвара простор за кратење на друго.

Повторуваме:

Да, постојат осум правосилни судски пресуди кои ја потврдуваат основаноста на барањата на синдикатот и кои мора да бидат почитувани и спроведени.

Судските пресуди не се „доставуваат однапред“ до Синдикатот, можеби е тоа вашиот начин.

Тие се објавуваат на судско рочиште и стануваат дел од судскиот записник, пред официјалната достава на пресудата. Дискредитацијата што се прави на судот кој што ги усвоил тужбените барања- како “влијание на Синдикатот врз судските постапки” најмеко кажано претставува огледална рефлексија на нечиви други делувања и постапувања.

И за крај, министре Љутков – наместо конфронтација со Синдикатот, имавте можност да покажете лидерство и да застанете зад својата професионална фела и зад својот ресор, имате примери на којшто може да се угледате.

Можевте да бидете горд, како што премиерот Христијан Мицкоски јавно изразува гордост за платите во високото образование, кои се резултат на заложбите на оваа Влада.

Тогаш ќе требаше само да барате резултати – и од раководствата на институциите и од вработените – наместо да се обидувате да ја претставите синдикалната борба како проблем и што ли уште не.

Но за таков пристап потребни се и политичка зрелост, минимум суета и институционална одговорност – нешто што, за жал, вчера не го видовме.

И едно нешто што вчера не слушнавме на пресот е –

Кога на јавна дебата министре или таму нема да ги собере сите што ја изигруваат правдата.

Во прилог фото од правосилна судка пресуда, со која се поништува незаконското решение за плата, изготвено по насоките на Министерот за култура и туризам.

култура министерот Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.